Cinemax е мејнстрим канал, кој што нуди американски и светски наслови, Cinemax оригинална продукција и нови американски серии, како и динамични драми и комедии, но исто така филмови и од другите жанрови: акција, авантура, крими, хорор, фантазија и научна фантастика.
Секој ден од седмицата е посветен на одреден тип на содржина. Недела е резервирана за големите премиери. Во сабота се прикажуваат Cinemax оригиналните програми и нови серии. Петок е посветен на изборот на иконски дела и хорор филмови, додека среда се фокусира на драма и трилери.