МОДЕРНА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ЗА МОДЕРНО РАБОТНО МЕСТО

ШТО Е CISCO UMBRELLA?

Cisco Umbrella е услуга којашто овозможува безбедност со блокирање на пристапот до веб-страници со малициозна содржина, без разлика дали пристапувате од фиксна или мобилна мрежа.

Со активирање на услугата, безбедносните опции се веќе вградени во фиксната и во мобилната услуга/мрежа што ја користи корисникот и нема потреба од дополнителен хардвер или конфигурирање на корисничките поставки.

Зад услугата стои водечката светска технолошка компанија Cisco Systems, лидер и иноватор во производството на напредни интернет решенија.

ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНА УСЛУГАТА CISCO UMBRELLA?

  1. За поедноставена безбедност
    Без потреба од инсталација и одржување хардвер
  2. Заштита од далечина
    Заштитa од сајбер напади без разлика на местото на работа (на терен или од канцеларија)
  3. Превенција на сајбер напади
    Cisco Umbrella го блокира пристапот до малициозната содржина уште пред да се воспостави конекцијата со веб-страницата

КАКО ВЕ ЗАШТИТУВА CISCO UMBRELLA?

Ги блокира барањата за пристап до сервери што содржат малициозен софтвер, како и компромитирани веб-локации, преку која било апликација, протокол или порта.

Спречува пристап до лажни веб-локации создадени за кражба на лични податоци (лозинки, банкарски податоци, лични податоци ...).

Ги блокира домените што покажуваат „сомнително однесување“ и потенцијално би можеле да бидат дел од напад.

Спречува пристап до сајтови што комуницираат со хакерски сервери.

Цени

Табела: Месечна претплата (без ДДВ)

Cisco Umbrella Времетраење на договорот Подобни пакети
производи
Umbrella пакет Без договор Договор на 1 година
Umbrella Security 129 денари 99 денари Business Internet
Business Office
Umbrella Security со Magenta 1 Business 129 денари 99 денари Magenta 1 Business
Фиксни услуги
Umbrella Security Mobile 79 денари 59 денари Magenta 1 Business Mobile
Business

*Услугата ќе се продава без договор или со договор на 1 година.

** Клиентите коишто веќе имаат активен SafeNET пакет не можат да го активираат безбедносниот пакет Umbrella во исто време.

Десктоп верзија