Нашата стратегија

Никола Љушев,
Главен извршен директор

Како лидер во иновациите, технологијата е еден од нашите најголеми ресурси во справување со предизвикот за создавање здрава животна средина и еднакво дигитално општество. Овие две цели се составен дел од нашето секојдневно деловно работење. Сметаме дека сме должни да овозможиме технологијата и иновациите да бидат присутни насекаде, и дека треба да ги користиме како алатка за справување со климатските промени, и да овозможиме достапност на технологијата за сите.

Нашата мрежа е основа на дигиталното општество, па поради тоа оваа година сме особено горди што успеавме да ја изградиме нашата 5G мрежа за многу краток временски период. За само една година, имаме 5G мрежа којашто покрива 26 града, со што 5G услугите станаа достапни за многу корисници. Со воведувањето на првите Телеком 5G паметни телефони – T Phone и T Phone Pro – по многу достапна цена, се наоѓаме еден чекор поблиску до целта: дигитално поврзување достапно за сите.

Примена на новите технологии во справувањето со климатските промени Нашите проектни решенија за паметен град овозможија над 60% заштеда на електрична енергија. Им помагаме на компаниите да заштедат електрична енергија со користење на услуги во облак, а замената на пластичните СИМ картички со електронски ни помага да го намалиме користењето на пластика. Во 2022 година, Телеком ја започна еко-акцијата #GoodCause во чии рамки собравме над 12 000 стари уреди и посадивме 25 000 дрвца. Ова се пресвртниците и достигнувањата кои не мотивираат да се стремиме да бидеме уште подобри…

Сметаме дека никој не треба да биде изоставен и дека дигиталната иднина им припаѓа на сите Затоа посветено работиме на проекти за дигитална инклузија, со цел премостување на дигиталниот јаз. Во овој процес ги вклучуваме младите луѓе и создаваме заедно со нив, учејќи ги како да ја користат технологијата како алатка. Оваа година, младите иноватори создадоа иновативни решенија за справување со климатските промени во рамки на младинскиот предизвик „Технологијата за спас на планетата“. Од друга страна, ја користиме технологијата за да им помогнеме на повозрасните лица. Еден пример за ова е проектот Итно копче, каде што дигиталната технологија се користи за да се зголеми сигурноста и поддршката за лицата постари од 65 години.

Грижата и одговорното однесување кон животната средина и општеството е наша долгорочна определба на која уште повеќе ќе работиме во наредните години.

Дигиталната иднина им припаѓа на сите

Branko Stanchev

Ние сме опседнати со нашите корисници. Затоа неуморно и постојано работиме за да понудиме врвна услуга и врвно корисничко искуство. Постојано инвестираме во најнови технологии – 5G, оптика, ИКТ и Cloud решенија за да обезбедиме најнапредни услуги и решенија. Имаме задача да создадеме едноставно портфолио, а со нашите продукти да креираме дополнителна вредност . Технолошката супериорност спакувана во наједноставно портфолио е вистински погодок.

Бранко Станчев,
Главен комерцијален директор

Maja M. Naumovska

Мрежата е нашата алатка за поврзување со целиот свет, така што за Македонски Телеком инвестирањето во нашата мрежна инфраструктура е најголем приоритет. Напорно работиме на полето на фиксната и мобилната мрежа, инвестирајќи милиони за да го поплочиме патот кон нашата дигитална иднина.

Маја Милосавлевска Наумовска,
Главен директор за Tехника и ИТ

Slavko Projkovski

Инвестираме во нови технологии за справување со климатските промени. Посветено работиме да им помогнеме на нашите корисници да заштедат ресурси и да ја намалат потрошувачката на енергија преку решенија кои се дел од нашата сѐ поголема понуда на одржливи производи и услуги..

Славко Пројкоски
Главен директор за финансии

tag

Мрежата, е нашата алатка за поврзување

Мрежата е нашата алатка за поврзување со целиот свет, така што за Македонски Телеком инвестирањето во нашата мрежна инфраструктура е најголем приоритет. Напорно работиме на полето на фиксната и мобилната мрежа, инвестирајќи милиони за да го поплочиме патот кон нашата дигитална иднина.

2022 година беше многу важна за 5G мрежата. Токму во 2022 година Македонски Телеком ја воведе првата 5G мрежа и за само една година изгради многу голема мрежа која покрива 26 града. Пред три години ги започнавме првичните подготовки за воведување на технологијата од петтата генерација, а денес ја имаме првата комерцијална 5G мрежа. Во текот на изминатите години се подготвувавме, инвестиравме, тестиравме, градевме и зборуваме за иднината, па сега можеме да кажеме дека 5G е реалност. Во февруари ја воведовмепрвата комерцијална 5G мрежа во Македонија и овозможивме користење на 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со заедничко користење на постојните радиофреквенции. Во март обезбедивме покривање на главниот град Скопје и продолжуваме со проширување на мрежата. Во јуни, Телеком ги доби потребните 5G радиофреквенции за да овозможи гигабитни брзини. Согласно со очекувањата, во октомври 2022 година 5G услугите беа достапни во 26 града, со што оваа технологија стана широко распространета во целата земја. Во септември 2022 година, ги здруживме силите со многу други подружници на ДТ за да ги воведеме првите Телеком 5G паметни телефони - T Phone и T Phone Pro – по многу пристапни цени, со што дигиталното поврзување станува достапно за секого.

Со овие нови уреди, нашите корисници можат да уживаат во можностите што ги нуди нашата 5G мрежа што постојано се проширува, почнувајќи од забавни содржини и безброј други дигитални производи и услуги. Ја изградивме првата и најголемата 5G мрежа во Северна Македонија со цел да ја направиме оваа технологија достапна за што повеќе корисници и да овозможиме развој на досега невидени услуги за кои се потребни високи перформанси и беспрекорни интернет конекции кои ќе овозможат пренос на податоци во реално време. Оваа технологија ќе биде двигател за развој на нови функционалности и неспоредливи услуги и производи кои ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.

За да овозможиме брзи интернет конекции насекаде, се потпираме на оптиката: работиме со најголемата оптичка мрежа во земјата која секоја година сѐ повеќе се проширува. Оптичката мрежа расте и се развива паралелно со мобилната мрежа. На крајот на првите девет месеци од 2022 година беа овозможени повеќе од 267.000 пристапи до оптика, што е за 11 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Остануваме посветени на развивање на најдобрата мрежа и на создавање иновативни услуги и решенија со цел обезбедување оптимално корисничко искуство.

5G network
tag
Животна средина

Заложба за примена на практики за постигнување климатска неутралност

Се заложуваме за примена на практики за постигнување климатска неутралност и на циркуларна економија. Постојано следиме како нашите производи, услуги и активности влијаат на животната средина низ целиот синџир на вредности и ги поддржуваме и мотивираме нашите корисници во нивното работење да применуваат практики за постигнување климатска неутралност и циркуларна економија.

Инвестираме во нови технологии за справување со климатските промени. Посветено работиме да им помогнеме на нашите корисници да заштедат ресурси и да ја намалат потрошувачката на енергија преку решенија кои се дел од нашата сѐ поголема понуда на одржливи производи и услуги. Со користење софтвер и ИТ инфраструктура директно во Telekom Cloud, нашите високоефикасни дата центри трошат до 80 отсто помалку енергија во споредба со она што се случува кога корисниците користат нивна сопствена инфраструктура.

Нашите инвестиции се постојано насочени кон финансирање дигитални услуги и решенија кои ќе им помогнат на компаниите во нивното работење и директно ќе придонесат за заштита на животната средина (како што се Виртуелен сервер, Електронски потпис, Електронски печат, итн.). Ги дигитализираме процесите и оваа година 70 отсто од договорите беа префрлени во дигитален формат, а 45 отсто од трансакциите за плаќање сметки во продажните салони беа префрлени на терминали за самоуслужување.

Дигиталните решенија истовремено го подобруваат квалитетот на живот и овозможуваат поголема одржливост на урбаниот начин на живот со намалување на потрошувачката на енергија, загадувањето и штетните емисии на CO2. Ова е врвен приоритет бидејќи градовите учествуваат со над 70 отсто во глобалните емисии на CO2 . Македонски Телеком е пионер во решенијата за развој на паметни градови во РН Македонија.

Први на пазарот воведовме замена на пластичните SIM картички со електронски картички. Освен технолошкиот и иновативниот, особено е важен и еколошкиот аспект, затоа што замената на пластичните картички и пакувања ќе придонесе за зачувување на животната средина.

Во текот на годините, се фокусиравме на промовирање електронско плаќање на сметки (онлајн плаќање преку веб или апликација). Компанијата го промовира овој начин на плаќање со инвестирање во апликацијата и во маркетингот за да го поттикне прифаќањето на услугата и да ги едуцира корисниците за заштитата на животната средина како резултат на користењето на е-сметки. Од 2021 до 2022 година потрошувачката на хартија за сметки е намалена за повеќе од 10 отсто, односно за околу 1,5 тони хартија.

Покрај придонесот што го даваме со нашето секојдневно работење и воведувањето нови технологии, во грижата за животната средина спроведуваме и акции за собирање на стари мобилни телефони и нивно рециклирање како електронски отпад.

помалку енергија TELEKOMCLOUD 80%
хартија помалку тони 1.5
од договорите префрлени во дигитален формат 70%

Опседнати
со корисниците

Ние сме опседнати со нашите корисници. Затоа неуморно и постојано работиме за да понудиме врвна услуга и врвно корисничко искуство. Постојано инвестираме во најнови технологии – 5G, оптика, ИКТ и Cloud решенија за да обезбедиме најнапредни услуги и решенија. Имаме задача да создадеме едноставно портфолио, а со нашите продукти да креираме дополнителна вредност.Технолошката супериорност спакувана во наједноставно портфолио е вистински погодок.

Горди сме што имаме TRI*M индекс (мерење на задоволството на корисникот) со вредност 94, додека стандардот во индустријата е помеѓу 50 и 70. Според Love Brands, Македонски Телеком е бренд број 3 во Македонија, далеку над конкурентите, а секоја година бележиме пораст. Ова ја докажува лојалноста на нашите корисници, но ни дава уште поголема мотивација да бидеме уште подобри.

Со новата дигитална алатка „Медалиа“ ги следиме главните индикатори за корисничко задоволство во реално време. Ги анкетираме корисниците за да добиеме нивно мислење за брендот, производите, услугите и искуството со нив. Овие резултати ги користиме за воспоставување дневни рутини за подобрување на корисничкото искуство. Гласот на корисникот допира до нас а ние работиме да го корегираме и најмалото индивидуално незадоволство.

Лојалноста на корисниците треба да биде наградена. Токму затоа во 2022 година почнавме нова фаза од корисничкото искуство – да им дадеме на корисниците не само најдобри комуникациски услуги, туку многу повеќе. Ја почнавме новата дигитална програма за лојалност и наградување. Преку апликацијата TelekomMK може да се искористат попусти од многу партнери од различни области: трговија, едукација, здравје, дом и уредување, автомото, патувања и многу други. Програмата ќе расте и ќе се надоградува сè повеќе а ние ќе продолжиме да работиме на најдобро корисничко исуство.

94

TRI*M индекс

(мерење на корисничко задоволство)
tag4

Вработените нашето најголемо богатство

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите лични силни страни и идеи. На еден пазар којшто постојано подлежи на промени, ние им обезбедуваме методи и алатки коишто им овозможуваат флексибилно да одговорат на променливите барања и да се прилагодат на новиот технолошки развој.

Оваа година, ние продолжуваме да се фокусираме на учењето и на спроведувањето бројни иницијативи за унапредување на вештините на нашите вработени. Нашата определба беше да се обезбедат повеќе програми и платформи фокусирани на личниот и професионалниот развој.

Во текот на 2022 година, ние на вработените им понудивме возбудливи програми за учење на основите на Дата аналитика, Развој на софтвер, Корисничко искуство, Дигитален маркетинг и Вештачка интелигенција.

Програмата Career Shifter (програма за промена во кариерата) продолжи и во 2022 година. Избраните вработени ја завршија програмата за обука за развој на софтвер и стекнаа вештини за работа како помлади развивачи на софтвер.

Сесиите за обука целосно прилагодени на потребите на учесниците претставуваа уште еден клучен елемент. Во 2022 година, повеќе од 50 вработени од Македонски Телеком имаа можност за учество во различни курсеви за обука на Microsoft. Оваа година, започнавме со имплементацијата на локалнатапрограма „Дигитални нинџи“. Целта на оваа програма, во која се пријавени 40 вработени, е да се прошири процесот на дигитализација и да се овозможи практична имплементација на новите идеи.

Ние сме посветени на реструктурирање на работната сила коешто се реализира на социјално одговорен начин, обезбедувајќи им целосна поддршка на нашите вработени. Овие активности се базираат на нашиот интегриран процес на планирање и управување.

За да се оцени моменталната состојба и расположение, редовно се иницира Истражување на мислењето на вработените, додека два пати годишно се врши Истражување на пулсот на компанијата.

40

вработени се Дигитални нинџи
tag-13-15

Дејствуваме заедно за заштита на животната средина, како наша приоритетна стратешка определба.

eco phone
Рециклирани се

12,000

стари мобилни телефони
Засадени се

25,000

нови дрвца

Иницијатива
Good Cause

Македонски Телеком, заедно со останатите европски подружници на Дојче Телеком, е вклучен во еко-иницијативата за намалување на електронскиот отпад преку собирање на стари електронски уреди и инвестирање во обновување на природните живеалишта во Европа. Целта ни е заеднички сили и учество во глобалната иницијатива да собереме еден милион стари електронски уреди до 2024 година.

Локалната кампања ја започнавме во март 2022 година со цел намалување на електронскиот отпад, но и за постигнување на уште една поголема цел – обнова на подрачјата коишто минатото лето беа зафатени од големите шумски пожари

Со нашата кампања за собирање на старите мобилни телефони во која било продавница на Телеком сакавме да ги поттикнеме корисниците да се вклучат во оваа иницијатива, а за возврат да добијат попуст за купување нов паметен телефон.

Оваа иницијатива, којашто е сѐ уште во тек, се покажа како извонредно успешна! До декември 2022 година беа собрани дури 12.000 електронски уреди. Компанијата се обврза за секој собран уред да засади ново дрвце, но го удвои овој број и, во акцијата за пошумување што ја спроведе заедно со вработените, засади 25 000 нови дрвца во Кочанскиот регион на површина од 10 хектари.

Целта на оваа иницијатива е сите заедно да дејствуваме за намалување на штетните влијанија врз природата и да создадеме поздрава животна средина и подобра иднина за сите.

Македонски Телеком посветено работи на својата заложба за постигнување позитивни промени во општеството преку директно вклучување во процесот на зачувување на животната средина и нејзините ресурси. Екстремните пожари во последните неколку години опустошија големи делови од шумите и беа своевиден повик за акција на којшто треба соодветно да се одговори со конкретни активности.

Потребна е заедничка визија и колективни напори за да постигнеме суштинска промена. Заедно со корисниците и вработените, компанијата придонесува кон намалување и соодветно постапување со електронскиот отпад, како и за обнова на зелените површини во подрачјата погодени од пожарите.

Eldery beneficiaries
Eldery beneficiaries

Дигитална инклузија Проект
Итно копче

Еднакво дигитално општество е единствената прифатлива опција за нас. Технологијата треба да биде достапна за сите и никој не треба да биде изоставен. Заедно со семејството ДТ, посветено работиме на дигитална инклузија, со цел да осигуриме дека секој ќе може да се вклучи на патувањето кон вистинска дигитална иднина.

Обезбедување поддршка на повозрасните лица со помош на технологијата е цел на партнерството меѓу Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст. Партнерството го опфаќа проектот Итно копче преку кој со помош на дигиталната технологија се обезбедува сигурност и поддршка на лица постари од 65 години. Корисниците ќе можат да го алармираат тимот на Црвениот крст во ситуации кога итно им е потребна помош, преку уред кој секогаш ќе го носат со себе, со едноставно притиснување на копчето. Тимот е составен од обучени лица кои на корисниците можат да им пружат прва помош, почетна психолошка помош или веднаш да ги транспортираат до соодветните институции, во зависност од нивните потреби. Итно копче им пружа помош на корисниците 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Со проектот, за почеток ќе бидат опфатени 110 корисници од Скопје, кои живеат сами и имаат потреба од итна помош. Ова е услуга која е нова во регионот, но веќе се практикува во повеќе европски земји со одлични резултати. Проектот се реализира со поддршка на Австриската агенција за развој, австрискиот и швајцарскиот Црвен крст и проектот InCARE, којшто е поддржан од Европската Комисија.

Преку ова стратешко партнерство, Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст ја користат технологијата како алатка за спасување животи и ја подигаат свеста за грижата за повозрасната популација.

tag 4-13

Дигитална инклузија Технологијата за спас на планетата

Целта на проектот „Технологија за спас на планетата“ е користење на технологијата како алатка за подобар живот и животна средина и заедничко создавање со младите. Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ го започнаа проектот преку отворен повик, со кој се повикуваат млади иноватори да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени во рамките на глобалниот младински предизвик „Генерација без граници“.

Оваа година, младите иноватори создадоа дигитални решенија за справување со една од најголемите закани со која што се соочуваат децата и младите насекаде во светот – климатските промени. Средношколците, студентите и сите заинтересирани млади имаа можност да работат со ментори и да креираат иновации дизајнирани за да обезбедат здрава животна средина и поквалитетен живот за сегашните и идните генерации.

Најдобрите десет тимови беа поканети да учествуваат на работилници за натамошно развивање на нивните идеи. По овие работилници, беа избрани пет најдобри идеи коишто беа наградени со финансиски средства и со менторска поддршка од специјалисти од Македонски Телеком.


Победничките тимови се:

  • Тимот на Bio Techno Logic којшто создаде автоматизирана и дигитална корпа за органски отпад, која во својата крајна фаза ќе произведува природен биохумус.
  • Тимот на Green Hot Chili Peppers којшто имаше идеја за унапредување на заштитата на животната средина преку изработка на посебна корпа, која самостојно го селектира отпадот и притоа произведува електрична енергија.
  • Како резултат на иновативните идеи, стручното жири одлучи да награди уште еден тим со парична награда и менторска поддршка. Имајќи предвид дека модната индустрија е одговорна за 10 отсто од глобалната емисија на CO2, тимот на Oh Swapp планира да развие мобилна апликација за размена на облека и книги.

Победничките тимови ќе влезат во светскиот избор и ќе имаат можност да добијат дополнителни средства во износ од 20.000 долари, и учество во глобална програма за инкубација од партнерите на „Генерација без граници“ за да се олесни процесот на проширување.

Digital inclusion
tag-10

Општество

Имаме одговорност да придонесеме кон развојот на општествотои општата добросостојбата на луѓето. Со донацијата на современ, мултифункционален апарат за анестезирањена Kлиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и помагаме на јавноста и на здравствените установи и работници. Ова е прв ваков апарат на клиниката и воопшто во земјава, обезбеден согласно со потребите на клиниката за подобра грижа за пациентите.. Овој апарат значајно ќе им помогне на сите, но особено на ризичните пациентки коишто се изложени на примање на анестезија за време на тешки и долги оперативни зафати.

Станува збор за технолошко достигнување кое ќе се користи во повеќе од 3000 сложени гинеколошки оперативни зафати кои годишно се изведуваат на клиниката. Оваа донација е уште позначајна бидејќи беше дадена во време на значително намален капацитет на постоечката апаратура поради искористеност. Овој апарат е единствен од овој тип во државата, и ќе ѝ овозможи на клиниката да ги надополни капацитетите на досегашната опрема, што пак значително ќе влијае на непречено функционирање на оперативниот програм. Македонски Телеком има одговорност да придонесе за развојот на општеството и добросостојбата на луѓето. Имаме обврска не само да креираме врвни дигитални решенија кои им помагаат на луѓето во секојдневниот живот, туку и активно да учествуваме со општествено корисни активности од интерес на сите.

здравствена заштита за повеќе од

3,000

жени годишно
Десктоп верзија