Смартфоните го пласираат светот во
нашите дланки и тие станаа главен
извор на информации и забава.
Мобилниот интернет еволуираше во
супер брз автопат којшто ја олеснува професионалната и приватната комуникација, но со зголемувањето на неговата брзина и можноста за преземање големи количини податоци: документи, видеа, слики, ние трошиме многу повеќе мегабајти за разлика од порано. Исто така, самата содржина коjа што се наоѓа во интернет просторот се промени со текот на времето. Од текст, содржината мигрираше кон висококвалитетни 360о фотографии , до видеа со висока резолуција што уште повеќе го зголемуваат интернет сообраќајот што се конзумира.
Затоа, за поефикасно уживање во вашите омилени содржини, без притоа да го надминете интернетот вклучен во вашата тарифа, креиравме место каде можете да најдете корисини совети и водич, како рационално и паметно да го користите вашиот мобилен интернет.