Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Дигитална верификација на ID

Дали сакате да бидете дел од тимот што го подобрува процесот на дигитална верификација на идентитетот?

Замислете можност да ги истражите процесите на дигитален идентитет, да ги разберете предизвиците на сигурноста и да ја поддржите имплементацијата на Single Sign-On (SSO) архитектура. Ако ве инспирира да бидете дел од дигиталниот екосистем, овој проект е токму за вас!

Повеќе за проектот

Во рамки на проектот за Дигитална верификација на ID, студентите ќе стекнат знаење за принципите на управување со дигитален идентитет и безбедносните предизвици, како и важноста на SSO архитектурата за подобрување на процесот на верификација на корисници.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на поддршка при онбординг на дигитални корисници и имплементација на процеси за TC и CP. Подготовка на SSO анализи за да се разбере дигиталното однесување на корисниците и учествo во имплементација на решенија за дигитална верификација на идентитет.

Квалификации

  • Познавање на принципи и практики за управување со идентитет, вклучувајќи автентикација и овластување.
  • Разбирање на безбедносни рамки и најдобри практики за управување со SSO.
  • Исклучителен интерес за дигитални технологии и желба за учење.
  • Проектно ориентиран пристап, тимски дух и агилност во работата.

Предност ќе имаат студентите со насоки во електротехника, информатички технологии или инженерство.

Зошто да аплицирате?

Оваа исклучителна можност која овозможува да бидете дел од клучниот процес на верификација на корисници во дигиталниот екосистем. Да разберете како се справуваат со безбедносни предизвици во дигиталното опкружување, како и да стекнете искуство во управување со дигитален идентитет и ризици во SSO системите.

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ВОЗБУДЛИВ ПРОЕКТ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ

Десктоп верзија