Видеоконференциски
решенија и решенија за
соработка

Т Business обезбедува планирање и дизајн на т.н. collaboration решенија (cloud или on premises), видеоконференциски уреди, дополнителна аудио- и видеоопрема.
Обезбедување на опрема, инсталација и техничка поддршка за сали за состаноци или за настани со целосна интеграција на аудио-, видео- и конференциска опрема. 
Користењето на collaboration алатки и опрема штеди време и средства, зголемувајќи ја продуктивноста на секој вработен.

Услуги:

  • Планирање, набавка, инсталација и техничка поддршка на collaboration платформи и опрема.
  • Широк спектар на видеоконференциски уреди за канцеларии и сали за состаноци.
Видеоконференција
Хибридни настани

Хибридни настани и
аудио/видео-стриминг

Хибриден настан е настан каде што, покрај физички присутните има и онлајн учесници. Со употреба на аудио- и видеоопрема за нивна комуникација со физички присутните, онлајн учесниците имаат чувство дека се наоѓаат на самиот настан.  

Т Business обезбедува и изнајмува целосно соодветна висококвалитетна аудио/видео опрема, како и организација, реализација и техничка поддршка на настанот.

Покрај соодветни лиценци за користење на најчесто користените collaboration платформи (Webex, MS Тeams, Zoom итн.), обезбедени се и услуги за video streaming, видео-запис и снимање.
Во рамките на настанот се интегрира и симултан превод за присутните и за онлајн учесниците – во stream со еден или со повеќе јазици, како и во креирање на снимениот материјал и сл.
За сите учесници се обезбедува одлично аудио/визуелно искуство.

Услуги:

  • Изнајмување комплетна аудио- и видеоопрема на ден
  • Вклучен транспорт и монтажа
  • Организација, реализација и поддршка на настанот

Cisco Webex

Cisco Webex е cloud-базирана интегриранa аудио-видео платформа за соработка - организација на состаноци, онлајн презентации и едноставно споделување содржини.

Се користи преку компјутер, преку кој било мобилен уред или преку видеоконференциски уред.
Корисниците користат една платформа за сè, преку централизирана размена на пораки и содржини.
Со услугата е обезбедена енкрипција од крај до крај, како и високо ниво на сигурност, мултифакторска автентикација и слично.

Покрај корисничките лиценци, се нуди и широк спектар на видеоконференциски уреди со интеграција на Webex и MS Teams - аудио- и видеоповици, чат, споделување содржини, заеднички проекти, највисоко ниво на сајбер-сигурност.

Cisco Webex

Услуги

Кориснички лиценци

Со претплата за најмалку една корисничка cloud лиценца се добива Webex subdomain, односно организација на која може да се додадат повеќе стандардни или бесплатни user-лиценци (кориснички лиценци со одредени ограничувања).

Control Hub

Control Hub за администрација и контрола на Webex организацијата.

Корисна алатка

Одлична алатка за работа на далечина или од дома

Претплата

Минималниот период на претплата за оваа услуга е 12 месеци.

Digital Media Signage (DMS)

DMS е Т Cloud платформа за брза и централизирана дистрибуција на медија содржини. Модерен и ефективен начин за пласирање рекламни и информативни мултимедијални содржини и пораки преку прикажување на содржините на различни типови монитори, телевизори или LED-екрани коишто се поставени на различни локации низ земјата.

Услуги:

  • Услугата се нуди како професионален сервис со плаќање месечен надомест, без никаква инвестиција на корисникот во опрема и кадар.
  • Решението вклучува целокупна аудио-, видео- и комуникациска опрема.
  • Сопствен медија-сервер на T Cloud, CMS софтвер за уредување на мултимедијалните содржини со временски распоред, техничка поддршка и одржување.
  • Покрај стандардните пакети, постои можност и за приспособување според барањата на корисникот.
  • Се користи сопствена APN 4G инфраструктура којашто е независна од корпоративната мрежа на корисникот и нуди максимална сигурност
Digital Media Signage (DMS)

Aquaji Digital Marketing Analytics

Како дел од DMS платформата, Digital Marketing Analytics е одлична алатка за дигитална обработка на видео-стриминг од дигитални камери.
Обезбедува голем број податоци за таргетирање коишто се важни за секторите за маркетинг, pre-sale/sales и други, овозможувајќи детални анализи за стратегиско планирање.
Податоци како број на посетители, возраст, пол, насока на движење, интерес, време на реакција на вработените, време на задржување на посетителите, број и тип на возила и сл. се само дел од анализите. Платформата овозможува и креирање т.н. тригери кои носат дополнителни придобивки.

Услуги:

  • Без инвестиција во опрема и кадар - услугата се нуди како професионален сервис со плаќање само месечен надомест.
  • Решението може да се користи како дел од пакети за DMS или како самостојно решение.
Aquaji Digital Marketing Analytics