E-здравство и телемедицина
Сакате ли ДА бидете дел од тимот кој ќе го креира ова врвно решение во областа на е-здравството и телемедицината? Бидете еден од оние кои ќе креираат напредни услуги во оваа сфера. Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.
Повеќе за проектот
Развој, продажба и имплементација на решение за поврзување на медицинска опрема во приватен облак, како и интеграција со постоечките софтвери во здравствениот систем.
Времетраење на проектот: 6 месеци со можност за продолжување
Ваши секојдневни активности
Ќе стекнете основни знаења за медицинската опрема која ќе се користи за поврзување во приватен облак. Ќе имате задача да креирате дизајн на решенито, ќе тестирате кориснички сценарија, ќе градите бизнис модели и ќе работите на негова имплементација во здравствените установи. Ќе работите на оддржување и континуирано унапредување на решението во соработка со врвни професионалци од областа.
Квалификации
Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на дигиталните технологии. Оние кои се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи со агилен пристап кон работењето.
Предност ќе имаат студентите од електротехника и информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство.
Зошто да аплицирате?
Ќе научите многу од нашите искусни професионалци и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Сега имате можност да работите на овој проект од големо значење за нас како компанија и за општеството во целост, од самиот почеток на неговото креирање. Ќе бидете дел од екипата која ќе работи на сите фази од неговата имплементација. Тука ќе работите со напредни дигитални апликации и ќе научите како тие работат и функционираат.
АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!