Едукативен портал за услуги (B2B)
Дали би сакале да бидете дел од оние што создаваат врвно дигитално корисничко искуство за деловните корисници? Сакате ли да ги доближите дигиталните решенија - единствени на пазарот до корисниците? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.
Повеќе за проектот
Со цел да обезбедиме врвно дигитално корисничко искуство како и да понудиме најдобри дигитални услуги и решенија на пазарот, студентите во овој проект ќе работат на подобрување дигиталното корисничко искуство на деловните корисници преку усовршување на содржините на едукативниот интранет портал за продажба.
Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година
Ваши секојдневни активности
Ќе имате задача да ги координирате интерните експерти, да пишувате едукативни материјали за продажба, да прикачувате материјали на интранет порталот, да го анализирате и подобро да го организирате. Од вас се очекува да да вршите анализа на посточките материјали за обука, соодветно да го координирате процесот на нивното поставување и управање со цел да ги идентификувате сегментите кои треба да се подобрат.
Квалификации
Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на дигиталните технологии, со основно познавање на ICT услугите. Оние кои се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи со агилен пристап кон работењето.
Предност ќе имаат студентите од E-Business и Маркетинг.
Зошто да аплицирате?
Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на B2B и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Сега имате можност да добиете практично искуство за дигиталното патување на корисникот преку тестирање на нашите процеси, апликации и WEB страни. Тука ќе работите со напредни дигитални апликации и ќе научите како тие работат и функционираат.
Зошто да аплицирате?
Дали ви звучи возбудливо да работите со најновите технологии, да учествувате во идната примена на AR и VR и да придонесете во анализите и развојот на футуристички идеи?
АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!