СЕ УШТЕ ПРАЌАТЕ ФАКТУРИ ПО ПОШТА?

Фактурирајте електронски со ENVOICE, од Телеком

ENVOICE

Внесете го електронското фактурирање во вашата секојдневна работна рутина. Заштедете време, финансиски средства и енергија, со што имате прилика веднаш да се издвоите во бизнис заедницата.

Активирајте ENVOICE и збогувајте се со хартиените фактури и финансиски документи, препорачаните поштенски пратки и куририте и контролирајте сѐ преку една платформа, достапна за iOS, Android и Windows.

Што претставува ENVOICE

КОМПЛЕТЕН ПАКЕТ

ENVOICE претставува спектар на услуги, внимателно селектирани и конципирани за да излезат во пресрет на сите ваши потреби при фактурирањето и наплатата, како: периодичното фактурирање, мониторингот на сите процеси, доставувањето и плаќањата.

Дополнително, можете да ги подесувате и соодветните даночни стапки, фактурирањето во различни странски валути, преку PayPal, Stripe, Payoneer и наплатата преку овие платформи или со кредитни картички.

За кого е наменет?

За што може да се користи?

Придобивки

Спецификација и цени

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

Essential

  • 30 клиенти
  • Неограничен број на фактури
  • Наплата во било која валута
  • Ready-to-use payment gateways
  • Custom Branding
  • Периодични фактури
299 353
денари месечно

Business

  • Неограничен број клиенти
  • Неограничен број на фактури
  • Наплата во било која валута
  • Ready-to-use payment gateways
  • Custom Branding
  • Периодични фактури
  • Членови на тимот
  • Креирање линкови за наплата
399 471
денари месечно

Sell Online

  • Се што е вклучено во Business
  • Buy now копче
  • Продажба преку website
  • Продажба преку MailChimp (email lists)
  • Продажба преку Facebook
  • Продажба преку Instagram
  • Продажба преку Twitter
  • Продажба преку Click Funnel
  • Продажба преку Facebook и Google Ads
  • Instant checkout
599 707
денари месечно

video icon Упатство за брзо фактурирање со Envoice

Прашања и одговори

ENVOICE e решение базирано на веб наменето за деловни корисници што подразбира дека имате регистрирана фирма и сметка во банка. За да започнете со неговото користење, потребна ви е Интернет конекција и инсталиран функционален веб прелистувач.

Со активирање на некој од избраните пакети на ENVOICE добивате корисничко име и лозинка, коишто ќе ги користите за најава и влез за користење на решението.

Доколку сакате фактурите да се плаќаат и со кредитна/дебитна картичка, потребен ви е пристап и до системот за е-трговија на Халк Банка.

Фактурите коишто се генерираат од ENVOICE веб апликацијата може да се генерираат на повеќе јазици, во зависност од претпочитањето на примателот на фактурата:
  • Македонски
  • Англиски
  • Германски
  • Шпански
  • Француски
  • Италијански
  • Јапонски
  • Српски
  • Хрватски
  • Холандски
  • Шведски и
  • Бугарски

Фактурите коишто се генерираат преку ENVOICE решението може да бидат платени од страна на примателот на фактурата со кредитна/дебитна картичка. Покрај плаќање со кредитна/дебитна картичка, ENVOICE овозможува плаќањето да се изврши и преку PayPal, Stripe или Payoneer. На корисничката страна примателот добива електронска фактура и линк до неа и истата може да ја отвори преку некој веб прелистувач. Со тоа, примателот добива интерфејс во кој видливо се истакнати сите начини на кои може да ја плати фактурата.

За да можете да го поврзете ENVOICE со PayPal, Stripe или Payoneer, потребно е да имате отворена сметка кај кој било од наведените платежни системи. При креирање на фактурата и пред истата да ја доставите до примателот, можете да одберете на кој начин/и тој, односно примателот на фактурата, ќе може да го изврши плаќањето.

Доколку на некој ваш клиент му праќате фактура (му фактурирате) во точно дефинирани временски периоди, тогаш со ENVOICE имате можност да креирате периодични фактури. Со нив, корисникот ја добива соодветната фактура автоматски, без ваш дополнителен ангажман, во точен период, односно во точно определен интервал. Доколку услугата којашто ја добива од вас во одреден период е во мирување, можете да прескокнете онолку фактури колку што услугата е во мирување. Исто така, доколку повеќе не ви е потребна периодична фактура за тој корисник, можете да го запрете процесот на праќање на периодични фактури и да продолжите да праќате фактури по потреба.

На секоја фактура којашто ја испраќате до вашиот корисник, односно до примателот на фактурата, можете да прикачите дополнителна документација од Dropbox или Google Drive.

Најчестите прашања поврзани со ENVOICE се обработени во корисни видео материјали коишто можете да ги најдете на следниот линк: https://www.envoice.in/learn