Финансиска анализа
Дали би сакале да бидете дел од оние што знаат да направат бизнис план и да пресметуваат финансиски показатели? Сакате ли да развивате модели за предикција - сценарија за приходи и трошоци? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.
Повеќе за проектот
Со цел да обезбедиме носење одлуки за финансики инвестиции, базирани на анализирање на опсежни податоци и модели за планирање за лансирање и позиционирање на производи и услуги на пазарот, студентите во овој проект ќе работат на финансиска анализа и обработка на податоци за носење на деловни одлуки.
Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година
Ваши секојдневни активности
Ќе имате задача да собирате, тестирате и евалуирате податоци за приходи и трошоци, трендови на пазарот. Да разменувате искуства со експерти од Дојче Телеком, од нашите партнери како и од надворешните вендори за позиционирање на Телеком како лидер на пазарот. Од вас ќе се очекува да учествувате во дигитализација на процесот преку развивање на модели за поедноставување на известувањето. Ќе ги следите остварувањата на месечно ниво и ќе известувате за разликите помеѓу актулените и планираните резултати.
Квалификации
Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на модели за финансиските анализи , со основно познавање на програмите за обработка на податоци и искуство во нивно презентирање на начин разбирлив за внатрени и надворешни корисници. Оние кои се ориентирани кон бројки, бази на податоци, пресметки, табели и чартови, а истовремено се и тимски играчи со агилен пристап кон работењето.
Предност ќе имаат студентите од Економски факултет (E-Business, Финансиски менаџмент, Деловна Економија) и од Факултети за информатички технологии .
Зошто да аплицирате?
Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на финансика анализа и известување и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Сега имате можност да добиете практично искуство преку работење со директно вклучување на нашите процеси, апликации и ЕРП системи. Тука ќе работите со напредни дигитални системи и ќе научите како тие работат и функционираат.
АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!