Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Имплементација на процеси во data enablement platform (DEP)

Откријте ја вашата вистинска страст во интегрираните data enablement решенија со најсовремени технологии и обликувајте ја иднината на податочниот свет.

Повеќе за проектот

Сакате ли да бидете дел од иновативен проект во областа на Data Enablement Platform (DEP)? Ние ви нудиме извонредна можност да бидете дел од тимот кој работи на имплементација на нови процеси базирани на архитектурата на Data Lake, користејќи најсовремени технологии како Spark, Hadoop и Nifi. Преку оваа работна пракса, ќе имате можност да ги развиете и подобрите вашите вештини во областа на Data Engineering и Data Science.

Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година

Ваши секојдневни активности

Вашите активности ќе се фокусираат на развојот на ETL процеси и Python скрипти (PySpark). Ќе бидете дел од тим на искусни професионалци кои ќе ви помогнат да научите и да се развивате во оваа област, создавајќи здрава основа за вашата идна кариера како Data Engineer или Data Scientist.

Квалификации

Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во областа на Data Engineering и Data Science, со основни познавања на Python и анализа на податоци. Оние кои се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи кои имаат вештини за решавање проблеми, критичко размислување и агилен пристап кон работењето. Предност ќе имаат студентите од Информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство во последните години од студиите.

Зошто да аплицирате?

Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на најновите Data технологии. Ќе стекнете практично искуство во креирање на интегрирани процеси базирани на Data Lake и најсовремени технологии како Spark, Hadoop и Nifi. Ќе бидете дел од интернационални тимови од Дојче Телеком.

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија