Интернет без омраза

За Интернет без омраза

Нашата мисија е секој да има пристап до можностите на дигиталниот свет и веруваме дека никој не треба да биде маргинализиран или да биде исклучен.
Меѓутоа, омразата на интернет претставува закана за темелите на едно безбедно и инклузивно поврзано општество.

Токму затоа заземаме цврст став против омразата на интернет и посветени сме да станеме катализатор за значајни промени.

Посебно се фокусираме на помладата генерација бидејќи младите луѓе и покрај нивната умешност во дигиталната комуникација, често се незаштитени од штетните ефекти на омразата и вознемирувањето на интернет. Во оваа значајна фаза од нивниот личен раст и развој, наша одговорност е да ги научиме како да се спротивстават и истовремено да ги поттикнеме да станат проактивни сојузници во создавањето култура на почит и позитивен дискурс на интернет.

Младинско движење

Младинскo движење за
интернет без омраза

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ почнаа двегодишно партнерство за интернет без омраза и движење предводено од млади за похуман онлајн свет. Целта е да се создаде движење преку кое младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции. Сите активности ќе бидат предводени од млади коишто ќе ги инспирираат и другите да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја.

Тоалетната хартија е
нашето оружје

Во блиска соработка со влијателни личности на социјалните мрежи кои секојдневно се соочуваат со омразата, започнавме иницијатива да се бориме против нејзиното ширење. На тоалетна хартија испишани се вистински коментари полни со омраза кои инфлуенсерите секојдневно ги добиваат. Преку интересни видеа кои ги споделуваат, тие на симболичен начин покажуваат дека местото на омразата е во ѓубре.

Тоалетна хартија
Младинска кампанја Bullying Bye Bye

Младинска кампања „Bullying Bye Bye“

Иницијативата „Заедно за интернет без омраза“ во партнерство со УНИЦЕ почна во 2023 година. Младите се во првите редови во борбата за интернет без омраза и заедно со професионалци од различни сфери креираа кампања за социјални медиуми за подигање на свеста на нивните врсници и на целата јавност.  Ние им дадовме алатки, простор и знаење а тие сами ја почнаа позитивната промена.

Десктоп верзија