Моја сметка

  • Моменталната состојба на сметка
  • Детален преглед на сметки
  • Преглед на сметки


Месечно
23,60 ден.
Цената е со вклучен ДДВ.

Опис

Моја сметка обезбедува увид во моменталната состојба на сметка, а за корисниците преку веб преглед на сметки и детален преглед на сметки. Услугата е достапна преку веб страницата Мој Телеком на https://moj.telekom.mk.

Моја сметка на интернет

За пристап до Моја сметка потребно е да се најавите на Вашата страница на Мој Телеком преку директниот линк https://moj.telekom.mk или преку оваа страница од главното мени.

Доколку сте регистриран корисник пристапете на Мој Телеком каде сите услуги вклучен во дополнителниот пакет ќе ги најдете во менито Моја сметка.

Доколку не сте регистриран корисник пристапете на Мој Телеком, следете ги инструкциите за регистарција, а потоа најавете се и погледнете ги услугите во Моја сметка.

Активирајте ја услугата во Телеком продавниците или јавете се во Контак центарот на 122.

Моја сметка преку телефон

Со јавување на телефонскиот број 14 27 14, следете ги инструкциите на говорниот автомат. Услугата е достапна само од телефонската линија/број на претплатникот, и само во рамките на мрежата на Македонски Телеком. За да може да ја користите услугата преку телефон, неопходен е телефонски апарат со тонско бирање.

Добиениот износ за моменталната сосотојба на сметка се однесува на направениот сообраќај во соодветниот период, без пресметани попусти, ДДВ и без месечните претплати за линијата, за дополнителните услуги итн.

Услугата е овозможена на ниво на конто, т.е. ако сметката (фактурата) која ја добивате содржи повеќе телефонски броеви, добиените информации (сите три вида) ќе претставуваат збир од направениот сообраќај за сите телефонски броеви на тоа конто.

Цени

Moja сметка e достапна преку:

  • Месечна претплата, за неограничен број на пристапи во текот на месецот преку интернет и преку телефонски повик на телефонскиот број 14 27 14 - 23,60 денари /месечно
  • Инцидентен повик на телефонскиот број 14 27 14, без претплата за услугата, достапен само за Моја сметка преку телефон - 4,72 денари по повик.
pageArea reserved, leave empty!!!