Промоција

Роаминг разговори за само 9,9 ден./мин.!

Јавувај се од странство за само 9,9 ден./мин. и во припејд и во постпејд. Јави се на 142 099 и активирај ја оваа неверојатна услуга за само 99 денари!

Патувај и зборувај слободно!

Активирање на услугата

Јави се на бројот 142 099 и Говорниот автомат лесно ќе те води низ чекорите за активирање.

По активирањето ќе добиеш SMS известување, со што од твојата припејд или постпејд сметка еднократно ќе бидат наплатени 99 ден. со вклучен ДДВ. Активирањето на услугата се врши само еднаш и потоа можеш да зборуваш супер евтино сè до 28.02.2017 и тоа кон сите броеви од Македонски Телеком (мобилни и фиксни) но и кон други мрежи.

Супер евтиниот роаминг можеш да го активираш и од странство преку бесплатниот Визуелен автомат со вртење *122#.

Начин на повикување од странство

За да ја користиш оваа одлична услуга, потребно е при секој повик од странство да го внесеш префиксот *123*, бројот што го бараш и на крајот #. Телефонот ќе заѕвони со твојот број на екранот - прифати го повикот и разговарај по цена од само 9,9 ден./мин. кон корисниците на Македонски Телеком и кон другите фиксни мрежи како и 19,9 ден./мин. кон останати мобилни мрежи

Пример:

*123* 070 xxx xxx #
*123* 071 xxx xxx #
*123* 072 xxx xxx #
*123* 02 ххх ххх #

Бирај со Најевтин роаминг без префикс!

Апликација за најевтин роаминг

Апликација за најевтини роаминг повици и SMS пораки

Врти и праќај SMS од странство како да си дома

Отсега повикувањето и праќањето SMS на твоите пријатели кога си во странство е многу полесно и поповолно, со бесплатната апликација за Најевтин роаминг.

Со нејзино преземање и активирање веќе ќе можеш брзо и лесно да вртиш дома, без внесување на префиксот *123* пред бројот кој го повикуваш, како и да праќаш SMS пораки по цена од само 9,9 денари!

Како до апликацијата?

Следи ги едноставните чекори:

Преземи ја апликацијата бесплатно преку:

  • Визуелниот автомат, со вртење на бесплатниот број *122#. Одбери 1 за Tелеком услуги и потоа одбери Најевтин роаминг. Навигацијата низ Визуелниот автомат е целосно бесплатна од дома и од странство.
  • Говорниот автомат на 122, во менито Телеком услуги се одбира Бесплатна апликација *123* или директно бирај 141 511.
  • Преземањето на апликацијата е бесплатно.

Активирање на апликацијата

Користење на апликацијата

  • За да остваруваш повици кон Македонија по тарифите за Најевтин роаминг, директно бирај го бројот од контакт листата (именикот) на твојот телефон исто како да си дома или пак внеси го бројот во формат 07ХХХХХХХ или 02ХХХХХХХ. Потоа на екранот од мобилниот ќе се појави порака “Повикување со *123*, по што ќе добиеш повратен повик со твојот број на екранот од мобилниот. Прифати го повикот и зборувај со Најевтин роаминг.
  • За да праќаш SMS кон Македонија по тарифата за Најевтин роаминг, отвори го SIM
    (Телеком) менито, одбери Најевтин роаминг, па *123* SMS. Потоа, внеси го бројот кон кој сакаш да пратиш SMS, притисни ОК и на крај внеси го текстот на пораката и повторно притисни ОК. На крајот ќе добиеш известување за статус на пратената порака.
  • Со користење на апликацијата сите повици кон Македонија се наплаќаат по тарифите за Најевтин роаминг, а сите SMS пораки се наплатуваат по цена од 6 ден. со ДДВ. 

Корисни информации:

  • Апликацијата е достапна за новите Телеком SIM картички. Доколу твојата SIM картичка не ја поддржува оваа апликација замени ја SIM картичката со нова во нашите продавници
  • За остарување повици и праќање SMS во странство потребно е да е активна услугата Роаминг. Информации на Мојот Телеком портал, во менито Мои услуги или на 122;
  • Максималниот број на карактери за една SMS порака е 160 и може да се користат само латинични и стандардни интерпукциски знаци;
  • За да се користи апликацијата, потребно е во земјата на престој да е достапна услугата Најевтин роаминг со операторот чија мрежа ја користиш. Доколку не можеш да оставриш повик/пратиш SMS, смени ја мрежата или деактивирај ја апликацијата: преку SIM (Телеком) менито, во делот Најевтин роаминг *123*, одбери Деактивирај. Потоа за повици кон Македонија со најевтин роаминг бирај со префикс *123”07ХХХХХХХ# или пак користи го стандардниот формат за бирање од странство +ХХХХХХХХХХХ, a за праќање SMS користи го стандардниот начин на праќање како од дома;
  • Со активирање на апликацијата за роаминг повици не може да остваруваат повици со
    Обичен роаминг (без префикс). Доколку сакаш да бираш обичен роаминг деактивирај ја апликацијата според упатството погоре.
  • Со активирање на апликацијата, сеуште можеш да праќаш SMS на стандарден начин (без користење на апликацијата) кои се наплатуваат по регуларна роаминг цена според тарифниот модел што го користиш;
  • За бирање странски број во роаминг користи го сандардниот формат +ХХХ ХХХХХХХХ;
  • Можно е апликацијата да не функционира на одредени типови телефони.

pageArea reserved, leave empty!!!