Годинава ја започнавме комуникациската платформа #НаправиМесто, со која ја отвораме темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество и повикуваме на нивно надминување.

Нашата улога со оваа иницијатива беше да ги инспирираме луѓето да направат место во својот внатрешен, емотивен, но и во физичкиот свет. Место кое ќе биде исполнето со повеќе разбирање, емпатија и блискост, што ќе ни помогне вистински да се поврземе.

Во текот на годината беа реализирани низа проекти на оваа тема и ни се приклучија голем број значајни личности кои ја пренесоа оваа порака. Се адресираа голем број проблеми во општеството, се отворија чувствителни теми и се работеше на прифаќање на разликите меѓу луѓето.

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком

Годината ја заокружуваме со театарски проект насловен: „Замисли нов свет” создаден од делата на Горан Стефановски, и е во соработка со Македонскиот Народен Театар. Оваа претстава поттикнува размислување за емпатија, за вечните вредности како човечност, разбирање и меѓусебна поврзаност, квалитети што често се губат во денешното секојдневие, а се неоподни за прогрес на секое општество. Претставата ја нагласува социјалната и емоционалната длабочина на темите што Стефановски ги претставил на едноставен, но моќен начин – прашања што остануваат релевантни и денес.

Во режија на Нела Витошевиќ, со драматуршка адаптација на Ана Ристоска-Трпеноска и во продукција на Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор филм, претставата обединува врвна актерска екипа: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.

Музиката е дело на композиторот Огнен Анастасовски, сценографијата на Константин Трпеноски, а костимите на Роза Трајчевска-Ристоска.

Премиерите на „Замисли нов свет” се закажани за 16 и 17 декември, а претставата понатаму ќе биде дел од репертоарот на МНТ.

Со оваа претстава ја завршуваме 2024 со силна порака од нашата целогодишна комуникациска стратегија „Да направиме место, за вистински да се поврземе”.

quote sign

Овој проект е и влог на компанијата во културата, преку поддршка на трајните македонски вредности и уметници кои со своето творештво оставиле безвремен белег кој треба да се негува и пренесува на идните поколенија.

quote sign

Да направиме место за вистински да се поврземе

Луѓето се создадени да бидат поврзани едни со други, да остваруваат меѓусебни контакти и да градат врски. Токму овие врски ги збогатуваат и обликуваат нашите животи. Во светот во којшто живееме денес, луѓето остваруваат безброј контакти, бизнисите се поврзани како никогаш досега, а општествата се испреплетени едни со други. Ние ја овозможуваме поврзаноста и веруваме дека преку дигиталната технологија можеме да креираме врски и да создаваме моменти коишто инспирираат отвореност и поттикнуваат разбирање. Само со вистинска поврзаност можеме да најдеме начин да напредуваме.

Ова ние го нарекуваме „дигитален оптимизам“.

Нашата улога е да им овозможиме на сите активно учество во дигиталниот свет, да поттикнеме меѓусебно разбирање и така да изградиме свет на дигитален оптимизам. Нашата мрежа може да даде сила, да помогне и да нѐ охрабри да се соочиме со секој предизвик, заедно како општество.

Телеком е невидливата врска којашто може да помогне за вистинско поврзување на луѓето.

Свет во којшто сме вистински поврзани е свет во којшто се разбираме, се почитуваме и живееме подобро.

Затоа нема да запреме додека не ги поврземе сите!

Кои се предизвиците со кои се соочуваме во општеството?

Сепак, постојат околности коишто создаваат „прекини” во вистинското поврзување на луѓето, а тие произлегуваат пред сѐ од несигурните времиња во коишто живееме. Луѓето полека ја губат довербата едни во други, што често придонесува за уште поголема изолација, дисконекција и затворање.
Живееме во мали социјални меури! Како резултат на тој прекин на меѓусебната комуникација, се зголемува перцепцијата на луѓето дека сме целосно различни едни од други, затоа што доаѓаме од различна средина, имаме различна култура на живеење, верувања и убедувања. Сето ова придонесува за зголемени тензии и инциденти мотивирани од омраза, особено кај младите (податоците се од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка). Сите сме свесни дека доколку сакаме да живееме подобро, да имаме посветла иднина, да бидеме посреќни и со поголемо меѓусебно разбирање, треба да преземеме нешто.

Зошто Телеком ја покренува оваа иницијатива?

Веруваме дека големите брендови имаат голема улога во општеството. Затоа, Телеком чувствува одговорност и е подготвен да адресира дел од тензиите коишто веќе постојат, да повика и да помогне тие да се намалат и да придонесе во нивното разрешување. Единствениот начин за промена кон подобро е вистински да се поврземе. Но, за тоа да се случи, треба најпрво да направиме место. Токму овде Телеком ја гледа својата улога.
Ние сме тука, преку нашите услуги и продукти, да ги поврземe сите луѓе, да им овозможиме пристап до сите придобивки од технологијата, да инспирираме отвореност и меѓусебно разбирање, да ги повикаме да направат место за активно да учествуваат во создавањето еден нов свет, полн со дигитален оптимизам.

Која е приказната и главната порака?

„Има многу повеќе нешта што нѐ поврзуваат, отколку што нѐ разделуваат”!
Истите нешта нѐ радуваат без разлика на тоа кои сме и сите ги имаме истите стравови и грижи коишто нѐ демнат. Сите имаме иста цел - да живееме среќно во еден поубав свет. Оваа вистина треба да нѐ поврзе. Но, за да дојдеме до ова, најпрво треба да се ослободиме и да се отвориме.
Сите живееме со предодредени мислења, зацртани верувања, ставови и предрасуди. За жал, сето ова го пополнува нашиот внатрешен простор, нашите срца и мисли, не дозволувајќи да се всадат нови идеи, нови погледи и верувања.
За конечно да се ослободиме и да изградиме еден поинаков, поубав свет, прво треба:

ДА НАПРАВИМЕ МЕСТО,
ЗА ВИСТИНСКИ ДА СЕ ПОВРЗЕМЕ.
#НаправиМесто

Со оваа носечка порака, ги повикуваме луѓето да направат место во своите умови, во своите срца и во секој аспект од животот; да направат место во својот внатрешен, емотивен простор, но да направат место и во физичкиот свет. Тоа место да биде исполнето со повеќе разбирање, емпатија и блискост, што ќе ни помогне вистински да се поврземе.
Пораката #НаправиМесто сама по себе има голема моќ за промена. Но, веруваме дека таа може да добие уште поголема сила доколку се пренесе преку зборовите на некој којшто својот живот го посветил на анализирањето теми како што се отуѓувањето, недоразбирањата, нетрпеливоста и поларизацијата на луѓето во општеството.
Личност којашто со своите зборови има моќ да допре до сите и, едноставно, но инспиративно, да ја пренесе голата вистина.
Тој некој не е кој било, туку:

ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Делата на Горан се длабоко врежани во македонската колективна меморија. Голем дел од неговото творештво се базира токму на овие теми коишто сакаме да ги опфатиме. Горан многу јасно, директно и разбирливо пишуваше за сите проблеми во општеството коишто постоеле во минатото, но постојат и денес, дури и уште поизразено.

Токму затоа ги земавме неговите зборови и им дадовме ново значење. Од неговите дела успеавме да сплетеме еден нов наратив, во форма на приказна којашто говори за едно маало, една зграда и едни луѓе коишто живеат во неа. Ја одбравме зградата, бидејќи веруваме дека може да послужи како одлична метафора за нашето општество, за еден човек, едно семејство, еден сосед, за сите нас...

Со овој краток филм сакаме да го означиме почетокот на нашата комуникација и да испратиме јасна порака „Да направиме место, за вистински да се поврземе”.
Оваа порака ќе биде основата и сврзното ткиво на сите наши активности оваа година.

Десктоп верзија