Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Oneshop проект

Дали сте заинтересирани да креирате решенија за е-бизнис? Дали сакате да работите во Службата за дигитално искуство и иновации? Прочитајте повеќе и аплицирајте.

Повеќе за проектот

OneShop е брзо и стабилно cloud решение, кое гарантира исполнување на задолжителните стандарди за е-бизнис. Тоа подразбира краток преглед на податоци, чекори и механизам за онлајн нарачки, плаќање и поддршка, ефикасност, следење на нарачки, персонализиран краток преглед на корисници што ќе може да се предвиди во иднина, можности за препораки, нагорна продажба и директно таргетирање на корисници.

ВВреметраење на проектот: 12 месеци

Што сакаме да постигнеме?

OneShop е хармонизирано решение за е-бизнис, односно онлајн продавница развиена од ДТ што ќе овозможи постојано зголемување на дигиталната продажба. Со OneShop, МКТ воведува решение кое ги следи стандардите за највисок квалитет, со цел да се зголеми корисничкото искуство.

Вашите секојдневни активности

Ќе вршите онлајн дигитална продажба преку мобилната апликација за само-грижа. Ќе работите на обработка на кориснички барања за специфични апликации, ќе ја развивате и подобрувате мобилната апликација за само-грижа, ќе управувате со дигитални кампањи и ќе креирате кампањи на мобилната апликација. Потребен е проактивен пристап со кој може да се предвидат идните нови функционалности на мобилната апликација (пр. во врска со стекнување, задржување /миграции на тарифи, продолжување на договори, итн.). Ќе правите интеграција на барања од различни фактори вклучувајќи ги и оние од ДТ.

Квалификации

Овој проект е наменет за студентите од доменот на ИТ, како и Е-бизнис. Доколку поседувате тимски дух, комуникациски способности, способност за решавање на проблеми, аналитички вештини, проактивност и имате интерес за web технологии, мобилни апликации, е-бизнис, онлајн услуги, анализа на податоци и веб аналитика, ве очекуваме во нашиот тим.

Зошто да аплицирате?

Дали ви звучи возбудливо да креирате ново дигитално искуство, да работите со најновите технологии и да учите од врвни професионалци во ова поле?