Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Оптимизација на решенија за Паметен град

Решенија за паметни градови! дали сакате да бидете од оние што изнаоѓаат вакви решенија? Навистина звучи како неверојатно и врвно искуство. Прочитајте зошто е тоа така.

Повеќе за проектот

Подготовка и изнаоѓање на најсоодветни решенија за проектот паметен град, имајќи ги предвид барањата на деловните корисници. Реализацијата опфаќа паметно осветлување, мерење на користење на вода, управување со отпад, паметни клупи и паметно споделување на велосипеди.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Вашите секојдневни активности

Ќе учествувате во креирање на оптимизирани решенија за реализација на проектот. Ќе вршите анализа на постоечките можности и решенија што ги нуди Македонски Телеком и ќе истражувате нови можности на пазарот. Како краен резултат ќе треба да го одберете најсоодветното решение од гледна точка на технологијата и цената.

Квалификации

Основно познавање на MS Office, IP технологија и други технологии (Communication and Collaboration, IP Telephony, Cloud, IoT, дата центар, Smart City решенија). Развиени комуникациски вештини, способност за креирање на проекти и презентациски вештини. Предност имаат студентите од насоките телекомуникации, ИТ, ИП.

Зошто да аплицирате?

Поради можноста да ги развивате и да ги подобрувате сопствените комуникациски вештини преку секојдневна комуникација со добавувачи и партнери. Истовремено, ќе стекнете познавања во една од најбараните области во дигитализацијата.