СОВЕТИ ЗА УСПЕШНА АПЛИКАЦИЈА

Ќе бидеш известен/а штом ќе ги добиеме документите што ни ги имаш доставено. Најпрво, проверуваме дали твојот профил одговара на квалификациите за слободното работно место. Потребно ни е време за оваа фаза на предселекција. Осигури се дека нашите агенти за вработување можат да те контактираат. На тој начин, доколку сметаме дека твоите квалификации се соодветни за слободното работно место, ние ќе можеме да стапиме во контакт со тебе. Доколку го поминеш првиот круг од процесот за предселекција, ќе добиеш покана за интервју.

Совети во дигиталниот свет

Нашите животи сѐ повеќе стануваат дигитални. Додека се возиме во автомобил, кога одиме на шопинг, кога работиме од дома, во приватниот и деловниот живот, кога бараме работа, кога аплицираме за работа, па дури и за време на интервјуа: сѐ е онлајн. Ова е доволна причина да се запрашаш: „Како да ги подобрам своите можности онлајн?“. Ние ќе споделиме неколку совети со тебе за тоа како успешно да аплицираш во дигиталниот свет.

Кој/а сум јас? Каков/а сум? Какви вештини можам да понудам? Секој што си го поставува ова и други прашања може брзо и успешно да го надгради својот дигитален профил. Ништо не оставај на случајност бидејќи регрутерите бараат нови луѓе преку деловните социјални мрежи. Направи го својот онлајн профил впечатлив - автентичен, јасен, комплетен.

Впечталив профил? Супер! Но, можеш да направиш многу повеќе ако сакаш да се позиционираш подобро, затоа што содржината е најважна во дигиталниот свет. Дизајнерско размислување, Вештачка интелигенција (AI) или електронска трговија: твоите интереси зборуваат за тебе. Креирањето или споделувањето специфична содржина треба да биде мотото на твојата „социјална личност“. Сепак, квалитетот е многу поважен од квантитетот.

Твојот мобилен телефон ѕвони, се активира видео алатката, се слушаат гласови во позадина. Многу работи можат да тргнат наопаку за време на онлајн интервју. Но сето ова може да се избегне: најди тивко и мирно место без бучава во позадина, постави го мобилниот телефон на тивок режим на ѕвонење и однапред провери ја алатката и нејзините функционалности. Блокирај го секој непотребен стрес. Фокусирај се на интервјуто и на својата цел.

Пазарот на работодавци одамна стана пазар на вработените. Ова се добри времиња за лицата што аплицираат за работа, па дури и во дигиталниот свет. Затоа, биди отворен/а и позитивен/а кога аплицираш за работа. Тоа е дискусија каде двете страни можат јасно да ги искажат своите идеи. Дали имаш релевантни крајни рокови? Дали сакаш да се сретнеш со идниот тим? Тогаш кажи! Така се започнува добра соработка.

Вашите документи за аплицирање

Твојата апликација се состои од три составни дела: кратка биографија мотивациско писмо, и твоите сертификати и референци.

Твојата кратка биографија треба да биде едноставна и јасно структурирана со лични детали, образование со посебни предмети и оценки, минато работно искуство... Запомни: помалку е повеќе. Разработи ги подетално аспектите коишто се релевантни за работното место за кое аплицираш или нагласи ги интересните точки што сакаш да ги истакнеш. Запомни: поврзи ги своите силни страни или експертиза со барањата на работното место. Можеш да ја користиш својата кратка биографија за да им покажеш на нашите регрутери и служби, на пример, што си правел/а за време на стажирањето или на претходното работно место. Кои работи биле во твоја одговорност? Совет: слободно наведи информации, доколку си волонтирал/а, особено ако си на самиот почеток од твојата кариера. Твоите непрофесионални активности и интереси ни даваат посебен увид во твојата личност и ни го покажуваат твојот карактер. Што да правиш ако немаш доволно простор да се изразиш? Користи линкови и наведи ги твоите профили на пример на LinkedIn.

Мотивациското писмо не е задолжителен дел од секоја апликација, но тоа ни помага побрзо да одлучиме дали си соодветен/а за огласеното работно место.. Писмото треба да биде јасно, концизно и да не биде подолго од една страница (А4 формат). Нашите регрутери сакаат да дознаат разни нешта, меѓу кои, на пример, зошто си заинтересиран/а да работиш во Македонски Телеком. Кажи ни за твоите цели и амбиции. Сакаме да дознаеме повеќе за твоето практично искуство и за аспектите коишто те квалификуваат за оваа улога. Најдобро е да ставиш акцент на работната позиција за која е даден огласот и да бидеш прецизен/а и концизен/а. Искористи го мотивациското писмо за да ни покажеш каква личност си. Истакни ги своите силни страни.

Наведи само референци и сертификати што се релевантни за работното место. Слободно наведи и дополнителни квалификации, само ако истите се од важност за работното место. Ние сакаме да видиме документи од стажирање, како и точни датуми на обуки и курсеви за јазици. Важно: ако те ангажираме, од тебе ќе побараме да ни доставиш оригинални примероци од одредени документи.

Слободно испрати ни твоја фотографија. Ако се одлучиш да ни испратиш фотографија, истата треба да биде професионално направена - односно да не биде слика од одмор или исечена слика. Ако сакаш, твојата апликација украси ја со бои и дизајнерски елементи. Ако си кретивен/а, твојата апликација треба да го одразува тоа! Добредојдени се поединци и креативни умови.

Совети за интервју

Браво! Многу ни се допадна твојата апликација и сметаме дека твоите вештини и квалификации ќе дадат придонес во мисијата на нашата компанија. Сега, би сакале да се запознаеме во живо. Преку интервјуто, покажи ни каква личност си. Можеби си нервозен/а... но, не грижи се. И регрутерите се само луѓе и ние не ја оценуваме секоја твоја изјава со плус или минус. Она што навистина ни е важно е целокупниот впечаток.

Штом веќе се подготвуваш за интервју, тогаш пред сѐ опушти се. Започни со изборот на облека. Размисли која облека најмногу одговара за позицијата за која аплицираш. Немој да бидеш премногу неформален/а. Маица, блуза или одело може да ја подигнат твојата самодоверба. Подготвувањето на твоите одговори е уште поважно. Твојот потенцијален тим сака да дознае повеќе за проектите на кои си работел/а во минатото. Се разбира, твојот иден претпоставен и еден од експертите за регрутирање на нови вработени учествуваат во интервјуата во Телеком. Размисли за интересни задачи што си ги исполнил/а, на пример, со какви проекти си работел/а додека си студирал/а. Дали доброволно си учествувал/а во социјален проект и дали си имал/а посебна одговорност во тој период? Нас нè интересираат овие твои активности, затоа добро би било да ги подготвиш своите одговори за да може поубаво да ги опишеш своите искуства. Направи го тоа на начин на кој ќе го привлечеш нашето внимание.

Со интервјуто подобро ќе се запознаеме. Кажи ни зошто твоите силни страни те прават идеален кандидат/кандидатка за слободното работно место – и како ќе се справиш со слабостите. Кажи ни нешто повеќе за себе. Каква експертиза поседуваш? Интервјуто е твојата шанса да нè импресионираш. Дали размислуваш без предрасуди? Покажи ни како. Ние бараме личности, не академски титули. Љубопитност кон нашата компанија е нешто што навистина сакаме да го видиме, затоа подготви прашања што сакаш да ни ги поставиш. Совет: добро разгледај ја нашата веб страница. Сепак, интервјуата служат и за да ти дадат можност да се запознаеш со нас, како и ние да оцениме дали си соодветен/а за Телеком.

По интервјуто очекувај да те контактираме. Доколку нашиот одговор е позитивен, ќе ти дадеме време да размислиш за нашата понуда. Конечно, од тебе зависи дали сакаш да ни се придружиш во компанијата. Ако ја прифатиш работната позиција, ќе дискутираме лично или по телефон за деталите на твојот договор.

Десктоп верзија