Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Паметно мерење и управување со електрична енергија

Сакате ли да бидете дел од тимот кој креира паметни решенија за управување со електрична енергија и да бидете еден од луѓето кои создаваат врвно корисничко искуство? Звучи навистина возбудливо. Прочитајте зошто.

Повеќе за проектот

Унапредување на нашето решение за паметно мерење и управување со електрична енергија, промени на firmware и платформата за имплементација на решението на различни пазарни сегменти.

Времетраење на проектот: 6 месеци со можност за продолжување

Ваши секојдневни активности

Од вас ќе се бара да научите и да го разберете целосниот продуктен опсег (SEMM), да се инволвирате во R&D за FrontEnd, BackEnd, да работите на дизајн на PCB и интеграција со други мрежни елементи. Ќе имате задача да развивате дополнителни функционалности на решението во соработка со врвни професионалци од областа.

Квалификации

Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на дигиталните технологии. Оние кои се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи со агилен пристап кон работењето. Предност ќе имаат студентите од електротехника и информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство.

Зошто да аплицирате?

Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на B2B и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Сега имате можност да добиете практично искуство за сите фази за унапредување на нашето решение за паметно мерење и управување со електрична енергија - проект кој опфаќа многу фунционалности. Тука ќе работите со напредни дигитални апликации и ќе научите како тие работат и функционираат.

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија