Немаш доволно кредит, а сепак ти е многу важно да оствариш повик што е можно побрзо? Услугата Побарај ме ти ја дава сигурноста дека секогаш можеш да комуницираш, дури и кога твојата припејд сметка е празна.
Како да пратиш барање?
- Повикај го корисникот и по преслушување на говорната порака, притисни 1 за да пратиш барање да ти се јави.
- Корисникот што си го повикал ќе добие SMS порака со содржина: „Nemam dovolno kredit na mojata smetka, te molam Pobaraj me.“
- Секогаш кога ќе дополниш ваучер од која било вредност, можеш да пратиш 3 барања до твоите блиски и пријатели.
- Услугата е автоматски активна за сите припејд корисници кои немаат доволно кредит за да остварат повик.
- Услугата важи само за повици кон корисниците на мобилната мрежа на Македонски Телеком.
- Услугата не е достапна во роаминг.