Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Потрошувачка на енергија во телекомуникациска инфраструктура

Дали сакате да создавате модели кои ја предвидуваат енергетската потрошувачка на телекомуникациските мрежи?

Уникатна можност да работите на развој на AI/ML модел кој ќе генерира предвидувања за потрошувачката на енергија во различни сегменти на телекомуникациската инфраструктура.

Повеќе за проектот

Целта на проектот е да се развие модел кој ќе обезбедува прецизни предвидувања за енергетската потрошувачка на телекомуникациската инфраструктура (радио, трнаспортна и основна телекомуникациска мрежа), овозможувајќи подобро планирање и управување со ресурси.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на анализа и подготовка на податоци, развој на AI/ML модел за предвидување и тестирање на моделот за оптимизација на неговата точност. Дополнително, ќе ги визуелизирате резултатите и ќе учествувате во поставување на моделот во оперативно окружување, каде што тој ќе се користи за реални деловни потреби.

Квалификации

  • Основно познавање за манипулација со податоци.
  • Предност е основно знаење за AI/ML.
  • Желба за учење и истражување на AI/ML технологии.
  • Основно познавање за телекомуникациска инфраструктура.

Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Ќе научите како да применувате концепти за предвидување во реален бизнис контекст.
  • Ќе стекнете практични вештини за манипулација со податоци и визуелизација.
  • Ќе се запознаете со телекомуникациската инфраструктура и нејзините енергетски аспекти.

Ако сакате да ја комбинирате аналитиката со иновативни технологии за подобро управување со енергијата и да станете дел од иднината на телекомуникациските мрежи, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија