Повик на чекање со задржување на врската

Цена во готово
23,60 ден.
Цената е со вклучен ДДВ.

Опис

Услугата овозможува да не пропуштате втор повик додека разговарате. При повик на корисник додека разговарате, ќе добиете информација за повик преку звучен сигнал БИП.

Вториот корисник кој ве повикува добива тон на ѕвонење како во случај кога линијата е слободна.
Може времено да го прекинете разговорот кој е во тек, соговорникот да го оставите на чекање, да остварите врска со повикувачот или да се префрлате помеѓу двата повика.

Начин на користење

Додека разговарате, во слушалката ќе чуете БИП сигнал

  • Притиснете го флеш копчето (FLASH) на вашиот телефонски апарат
  • Откако ќе слушнете континуиран тон, притиснете го копчето 2 за да го добиете вториот корисник кој Ве повикува
  • Доколку сакате да се префрлите повторно на првиот повик кој е на чекање, повторете ги претходните два чекори. 

Услугата по потреба може да ја активирате или деактивирате со внесување на соодветен код.

Активирање:        * 43 #
Деактивирање:   # 43 #

Откако на Вашиот телефон ќе го внесете кодот мора да слушнете говорна порака или тон за потврда дека услугата е активирана или деактивирана.
 

Цени

Цената на услугата изнесува:

23,60 денари /месечно

  • За телефонска линија со 2 говорни канали услугата е вклучена во претплатата.
pageArea reserved, leave empty!!!