За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со најдобрата Smart Start програма!

Паметен старт на вашиот професионален развој преку стекнување интернационално искуство, учење од врвни експерти и практична работа со најнови технологии за креирање дигитална иднина, каква што сите посакуваме.

  • Аплицирајте

Имате прашања за вашата кариера?

Smart Start, најдобрата програма за стекнување практично искуство и професионален развој во Македонски Телеком. Дознајте сѐ што треба да знаете тука!

Smart Start е најдобрата програма за стекнување практично искуство и професионален развој во Македонски Телеком.

Програмата има за цел да овозможи извонредни можности за развој и практична работа на студенти-учесници, како и да го поддржи почетокот на нивната кариера.

Smart Start е програма која е отворена за сите студенти од втора студиска година до крајот на дипломски студии, како и за студентите на постдипломски студии. Аплицирајте доколку сакате да работите со полно работно време од октомври, 2023 година.

Smart Start е 6-12-месечна програма којашто се состои од следниве елементи:

  • На почетокот на ангажманот, студентите ќе бидат запознаени со корпоративната стратегија и вредности, преку програмата за ориентација;
  • Студентите учесници ќе работат на професионални задачи во склоп на избраниот проект во текот на програмата;
  • Покрај стекнување практични професионални вештини, тие ќе научат што значи агилно работење, дизајнерско размислување и ќе ги подобрат нивните компетенции.

Покрај обуките и работата на проекти вклучени во програмата, секој учесник ќе има свој ментор, кој ќе ја следи и ќе им помага при нивната работа. Покрај тоа, секој студент ќе има свој план за развој преку кој нашите професионалци ќе ги следат нивните цели и аспирации.

Бараме 30 студенти од областа на телекомуникации, електротехника, ИТ, економија, маркетинг, е-бизнис, аналитика на податоци, управување со производи.

Може да се аплицира за некој од проектите кои се од ваш интерес. Листата на проекти на кои може да се работи е тука.

Зошто да аплицирате најдобро ќе ви кажат нашите Смарт стартери од предходната генерација Погледнете зошто тука.

Доколку се одлучите да аплицирате, ќе добивате финансиски надоместок и останати бенефиции за вашата работа.

Преку уникатните можности и програми, ќе учествувате во возбудливи кампањи, ќе бидете дел од процесот на дигитализација, ќе ги користите нашите врвни платформи за учење и развој и ќе присуствувате на ексклузивни настани.

Започнете паметно, започнете тука!

Разгледајте ги внимателно сите проекти кои ви ги нудиме. Направете го паметниот избор. Подгответе го своето CV и аплицирајте за проектот во кој можете да дадете најмногу од себе!