Твојата професионална кариера

Ние нудиме единствена можност. Проверете како нашите таленти напредуваат во кариерата и искористете го нивното искуство за сопствен раст. Со нашите можност за постојан раст, ние го обликуваме дигиталниот свет од иднината.

Твојата кариера

НИЕ ИНВЕСТИРАМЕ ВО НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ И СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НИВНИОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ИДНИНА

Меѓународно работно искуство

  • Глобални проектни тимови
  • Интернационална заедница YAM
  • Програми за размена

можности

  • Работа со агилна методологија
  • Работа со експерти
  • Менторство

Дигитални алатки за учење

Coursera Percipio

Биди љубопитен и развивај се!

За нашата компанија од клучно значење е да го задржи темпото на развој бидејќи се соочуваме со многу динамично опкружување. Затоа, нашата цел е да им понудиме на нашите вработени најсовремена можност за учење за континуиран развој. Во Македонски Телеком континуираното учење е составен дел од работата.

За нашите вработени нудиме:

  • Пристап до светски познатите дигитални платформи Percipo и Coursera
  • Пристап до YAM заедницата која нуди каталози и препораки за учење, курсеви, и активности за учење
  • LEX – УЧИ ОД ЕКСПЕРТИТЕ - пристап до најголемата peer-to peer заедница што се користи за споделување на знаење

…и многу повеќе.

Нашите вработени,
вашите колеги

Нашите вработени се извонреден тим од врвни професионалци кои секојдневно растат и се развиваат. Го негуваме тимскиот дух, споделуваме знаења, учиме едни од други и не застануваме додека не го дадеме својот максимум во се што работиме.

Прочитајте што имаат тие да кажат за развојот на нивната кариера, за нивното искуство и советите кои даваат. Искористете го нивното знаење – така многу полесно ќе ги оформите и сопствените професионални цели.

Elena

ЕЛЕНА БАЛАМОВСКА

МЕНАЏЕР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИКТ ПРОЕКТИ

Македонски Телеком како компанија ги поттикнува вработените да размислуваат и делуваат активно во релизација на своите идеи, решенија, предлози и на тој начин да презентираат и други креативни димензии на личноста.

SkopjeZOO апликацијата би ја издвоила како една успешна приказна каде заедно со колегите вклучени во развојот и менаџерскиот тим, водени во позитивна насока на искористување на технологијата за добро, успеавме да ја преточиме мојата идеја за SkopjeZOO апликацијата во дигитално искуство за сите корисници.

Работењето во Македонски Телеком претставува уживање кога се соработува со колеги кои освен што се ориентирани кон изнаоѓање на најсоодветни решенија, секогаш се расположени за дружење и славење на успесите.

Македонски Телеком претставува одлично место за работа со најсовремени технологии и решенија, каде вработените можат да го искористат својот професионален капацитет на најдобар начин, имаат можност да се надоградуваат и самореализираат, притоа фокусирајќи се да обезбедат што повеќе задоволни корисници на пазарот.

elena
 
Nikola Bojkovski

Никола Бојковски

Бизнис аналитичар

Од желба до реалност, мојата кариера го доби посакуваниот тек.

Македонски телеком уште во моите студентски денови го посакував како мој иден работадавач. Затоа ја искористив можноста за пракса во Македонски телеком, објавена на мојот факултет и се пријавив да бидам дел од Дигиталниот инкубатор во Телеком. Влегов во тим на исклучителни професионалци и луѓе кои освен што го даваа својот максимум, постојано се грижеа и за сите нас да го стекнеме потребното знаење, да работиме заедно со нив и да се чуствуваме како дел од тимот уште од првиот ден. Технологиите со кои се сретнав и процесите на кои што работев ми дадоа непорцеливо искуство. Имав можност самостојно да иницирам проекти и мојата иновативност се ценеше. Можности за учење има премногу, од платформи, до интернационално искуство до работа со вистински професионалци.

До крајот на моите студии, научив многу и добивав признание за мојата работа. Потоа добив понуда за вработување и сега гордо можам да кажам дека сум вработен во Македонски телеком, на позиција Бизнис аналитичар и ги користам сите бенефиции што ги нуди Телеком, а тоа се навистина многу.

И понатаму се гледам како дел од овој тим, сакам да напредувам и тука да го дадам својот максимум, бидејќи Македонски Телеком е вистинското место за сите млади, иновативни ентузијасти кои сакаат професионален развој на својата кариера.

Nikola Bojkovski
 
Vale

Валентина Агапиева

Специјалист за дигитално искуство

Доколку сакате да работите во кретивна околина, каде имате можност за стекнување на искуство во голема корпорација но во соработка со агилни и професионални тимови; каде може на иновативне начин да го надградите и да го споделите вашето знаење, да ја примените вашата креативност и други лични вештини; каде имате прилика да учествувате на интернационални проекти водени од експерти и секако каде ќе запознаете колеги кои ќе станат и останат ваши пријатели, тогаш повелете во Македонски Телеком.....

Како се развиваше дигитализација и телекомуникациската индустирја и како се прошируваа дигиталните кориснички можности, така се трансформираше и компанијата и така следеа ангажмани на уште многу кретивни и иновативни проекти, соработка во крос-функционални тимови од различни дејности, запознавање на колеги со различни вештини и знаења, како на локално така и со соработници и колеги од Дојче Телеком на интернационално ниво.

Она што што јас го добив и ми го овозможи компанијата во тој развоен пат е пред се слободата и автономијата на кретивно и критичко изразување кое мене многу ми значи; довербата во мојата стручност, високиот степен и различен сет на знаења како и личните и професионални вештини; пристап до иновативни платформи и програми за континурана надградба на знаење и искуство; непречен пристап до ресурси и алатки за работни активности; ангажман на интернационални програми и проекти како и можност за учество на програми за размена на интернационално искуство со локално присуство во другите ДТ подружници во Европа.

Но некако најголем поттик за истакнување на моите вештини се оние интересни програми кои се организраат со реални проекти во реални тимови но со натпреврувачки карактер.

На локално ниво би ја издвоила крос-функционланата програма, кога бевме 3 тима и имавеме 3 задачи кои беа распоредени следствено во подолг временски период. Покрај тоа што беше забавно и кретивно, создадовме серионзо применливи и ислпатливи решенија, и секако добивме награда, но сепак она што секогаш ми остана е што тогаш запознав навистина креативни и иновативни колеги, посветени професионалци од кои и тоа како многу научив.

Следно би ја издвоила МООC онлајн програмата на ДТ интернационално ниво. Со учество во виртуелен тим од различни држави, работевме на проект на кој јас бев лидер и тимот го донесов до победа, со темата “со Gamification до зголемена упторебливост на Telekom МК App“, од областа “Дигитализација“. Тимот, како и многу други колеги од различни држави, прекрасни луѓе, прв пат ги запознав на наградното патување во Бон со учество на саем за презентација на победничките иновативни решенија по секој од 11-те различни области.

valentina
 
 

Профил на вработени

Достигнувања

Завршувањето на работите е еден од нашите водечки принципи. Ние бараме поединци кои ќе достигнуваат резултати и ќе влијаат за испорачување промени на ниво на компанијата и пошироко

Способности

Ние бараме комбинација на стручност и знаење, која на вработениот му овозможува постојано да напредува и да се издигне на повисоки нивоа на одговорност преку зголемување на нивоата на сложеност и предизвици во една организација

Однесување

Дали сте возбудени да ја креирате дигиталната иднина? Дали секојдневно ги носите не само вашите вештини, туку и вашата енергија? Ние ги бараме оние кои покажуваат позитивна емоционална посветеност кон нас и се страсни за нивната работа

Амбиција

Дали имате лична амбиција да преземете посложени предизвици и очекувања? Бараме поединци со висока агилност за учење кои усвојуваат нови знаења и стапуваат во акција

АГИЛНОСТА НА ПРВ ПОГЛЕД

Нови методи на работа во рамките на Дојче Телеком

Агилност - за некои само клучен збор - но за нас тоа е една од конкурентните предности на дигиталната ера. Со агилното работење, имаме корист од тоа што нашите вработени самите ја преземаат одговорноста, се повеќе мотивирани да соработуваат во различни функции со заедничка цел на ум: задоволување на потребите на нашите корисници уште подобро од претходно и нивно вклучување во процесот на развој.

Усогласеност со пазарот Можеме подобро да се справиме со сложени пазарни средини и постојани промени.

Минимизирање на ризиците Ние ги минимизираме ризиците преку континуирана проценка, учење и адаптација.

Брзина Побргу ги доставуваме нашите решенија и производи до корисниците

Корисничка центричност Го зголемуваме прифаќањето на производите и задоволството на корисниците со развојните процеси насочени кон корисниците

Ирена Лешковска Васева

Ирена Лешковска Васева

HR Регрутер

career@telekom.mk
Десктоп верзија