Услуги во Облак
Сакате ли да креирате бизнис решенија во облак и да бидете еден од луѓето кои создаваат врвно корисничко искуство? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.
Повеќе за проектот
Развој и дизајн на бизнис решенија и продукти базирани на јавен (Azure, AWS, GCS и многу други) и приватен облак за големи, клучни и SOHO/SME корисници.
Времетраење на проектот: 6 месеци со можност за продолжување
Ваши секојдневни активности
Ќе имате задача да ги анализирате постоечките решенија како и да креирате нови бизнис решенија базирани на облак. Ќе научите се што треба да се знае за сите фази од дизајнот и развивањето на бизнис решенија, креирани за подобро корисничјко искуство за деловните корисници.
Квалификации
Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на дигиталните технологии, со интерес за управување со проекти. Оние кои се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи со агилен пристап кон работењето.
Предност ќе имаат студентите од електротехника и информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство.
Зошто да аплицирате?
Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на B2B и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Сега имате можност да добиете практично искуство за тоа како се креираат напредни бизнис решенија, што подразбира процесот и како до финалниот продукт. Тука ќе работите со напредни дигитални апликации и ќе научите како тие работат и функционираат.
АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!