VoLTE (Voice over LTE)
ЗА УШТЕ ПОКВАЛИТЕТНА (ПОДОБРА) МОБИЛНА МРЕЖА

Со услугата VoLTE (Voice over LTE) Вашите повици се воспоставуваат преку 4G (LTE) мрежата.

LTE технологијата овозможува многу големи брзини за пренос на податоци, но досега не се користеше за мобилни разговори – смартфоните автоматски се префрлуваа на 3G мрежата. Со VoLTE услугата, мобилните разговори во мрежата на Телеком се остваруваат преку LTE, со што добивате:

  1. Молскавична брзина на воспоставување повик - ако со 3G мрежата воспоставувањето повик траеше околу 6 секунди, со VoLTE се потребни само 2 до 3 секунди!
  2. Подобар квалитет на звукот, поширок спектар на звуци и намалена заднинска бучава. Со VoLTE соговорникот се слуша јасно, а комуникацијата се одвива брзо и лесно.
  3. Разговарајте додека сурфате на најбрзата 4G мрежа! Отсега, можете да пребарувате на интернeт додека зборувате на телефон без намалување на брзината од 4G во 3G.

VoLTE услугата е достапна без надомест и не влијае на цените на разговорите во Вашата претплата. Единствениот предуслов за нејзино користење е смартфон што ја поддржува оваа технологија со ажуриран софтвер.

Смартфони за кои е достапна VoLTE технологијата

VoLTE технологијата во моментов е достапна на следниве модели смартфони:

  • Samsung S9
  • Samsung S9+
  • Samsung S10 Note
  • Samsung S10 Note+
  • Samsung S10e
  • Samsung S10
  • Samsung S10 Lite
  • Samsung S20
  • Samsung S20+
  • Samsung S20 Ultra
  • Samsung A71

pageArea reserved, leave empty!!!