Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Врвно дигитално корисничко искуство (B2B)

Дали би сакале да бидете дел од оние што создаваат врвно дигитално корисничко искуство за деловните корисници? Сакате ли да создавате дигитални решенија - единствени на пазарот? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.

Повеќе за проектот

Со цел да обезбедиме врвно дигитално корисничко искуство како и да понудиме најдобри дигитални услуги и решенија на пазарот, студентите во овој проект ќе работат на подобрување дигиталното корисничко искуство на деловните корисници и усовршување на дигиталните канали.

Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година

Ваши секојдневни активности

Ќе имате задача да ги идентификувате најновите трендови поврзани со дигитално корисничко искуство. Ќе работите на мониторирање на дигитаните канали со цел да ги идентификувате сегментите кои треба да се подобрат. Од вас се очекува да предложите краткорочни и долгорочни активности и чекори за подобрување, кои ќе понудат нешто ново и различно на пазарот во насока на овозможување на најдобро дигитално корисничко искуство.

Квалификации

Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на дигиталните технологии, оние кои се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи со агилен пристап кон работењето. Предност ќе имаат студентите од E-Business, електротехника и информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство и економски факултет.

Зошто да аплицирате?

Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на B2B и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Сега имате можност да добиете практично искуство за дигиталното патување на корисникот и да придонесете кон негово усовршување. Тука ќе работите со напредни дигитални апликации и ќе научите како тие работат и функционираат.

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија