Интернет без омраза
Стоп на интернет со омраза

Дигиталниот свет е место каде што говорот на омраза е честа појава. Неговото присуство на социјалните мрежи станува сè позагрижувачко.

Македонски Телеком верува во свет на дигитален оптимизам во кој ќе ги рушиме бариерите и ќе направиме место за вистинско поврзување.

Нашата визија е едноставна: Интернет без омраза!

Заедно против
омразата

Во блиска соработка со  влијателни личности на социјалните мрежи кои секојдневно се соочуваат со омразата, ја започнавме оваа иницијатива за да се бориме против нејзиното ширење

Кое е нашето оружје? Тоалетна хартија.

Да, добро прочитавте. Тоалетна хартија на која се испишани коментарите полни со омраза кои инфлуенсерите секојдневно ги добиваат.

Зошто токму тоалетна хартија?

Бидејќи ова е симболичен начин да покажеме каде припаѓа омразата: во ѓубре.

Придружете ни се

Ширете ја приказната

Ширете ја приказната

Споделете ја нашата кампања со вашите блиски. Колку повеќе луѓе дознаат, толку посилна ќе биде заедничката борба против говорот на омраза.

Заземете став

Заземете став

Кога ќе наидете на говор на омраза на интернет, не премолчувајте. Пријавете го и избегнувајте вербални конфликти.

Покажете поддршка

Покажете поддршка

Следете ги приказните на нашите инфлуенсери и поддржете ја нивната порака.

Да направиме место за вистински да се поврземе. #НаправиМесто

Десктоп верзија