За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

АИ базирано предвидување на парични текови

Дали сакате да бидете дел од проект кој користи вештачка интелигенција за подобро предвидување на финансиските текови во компанијата?

Уникатна можност да работите на развој на аналитички модел кој ќе помогне во предвидување на идните парични приливи и одливи и ќе го поддржи носењето на подобри финансиски одлуки.

Повеќе за проектот

Целта на проектот е развој на систем базиран на напредна аналитика и машинско учење кој ќе предвидува идни парични текови со висока точност. Преку анализа на историски финансиски податоци, обрасци на плаќања и други релевантни фактори, системот ќе генерира динамични прогнози кои ќе овозможат подобро финансиско планирање, намалување на ризици и поефикасно управување со ликвидноста и обртниот капитал.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во развој и тестирање на аналитички модел за предвидување на парични текови, работејќи со финансиски податоци и современи аналитички алатки. Ќе имате можност да анализирате податоци, да поддржите подготовка и обработка на датасети и да соработувате со ИТ тимот во развојот на решението. Ќе работите на практична примена на data analytics и machine learning во финансиски процеси, на начин на кој технологијата може да го подобри носењето на деловни одлуки.

Квалификации

  • Основни ИТ вештини и интерес за работа со податоци и аналитички алатки.
  • Познавање на алатки за анализа на податоци, бази на податоци и работа со spreadsheets.
  • Интерес за модерни технологии, data analytics и machine learning.
  • Способност за брзо учење и прилагодување на нови системи и технологии.
  • Одлични аналитички и комуникациски вештини.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Уникатна можност да работите на проект кој комбинира финансии, податоци и вештачка интелигенција.
  • Практично искуство со реални податоци и аналитички алатки.
  • Ќе развиете вештини во data analytics, machine learning и финансиска анализа.

Ако сте подготвени да бидете дел од проект кој ја носи вештачката интелигенција во финансиското планирање и да придонесете во развој на паметни аналитички решенија, АПЛИЦИРАЈТЕ