Акционерскиот капитал на Македонски Телеком АД се состои од 95.838.780 обични акции и една кумулативна приоритетна акција (златна акција). Обичните акции на Македонски Телеком АД се котирани и со нив се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза на подсегментот Задолжителна котација.

Акции на Македонски Телеком АД Приоритетни акции Обични акции
Издавач Македонски Телеком АД Македонски Телеком АД
Меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ISIN) MKMTSK121017 MKMTSK101019
Индустрија Телекомуникации Телекомуникации
Земја Република Македонија Република Македонија
Регистрирано седиште на друштвото Скопје Скопје
Вкупен број на издадени акции 1 златна акција 95.838.780
Вкупен број на гласачки права * 1 ** 86.254.902 ***
Валута МКД (македонски денар) МКД (македонски денар)
Номинална вредност по акција 9.733 денари 100 денари
Идентификација на хартија од вредност (ticker symbol) - TEL
Права на глас Едно право на глас и посебни права Едно право на глас по акција

* Од вкупен број на акции со право на глас - 86.254.903 за 3.361 акции кои се дел од 2% акции кои Владата на Република Македонија ги додели на вработените на Македонски Телеком, сопствениците или не се евидентирани во акционерската книга на МKT поради нецелосни лични податоци (3.320 акции), или сеуште не се распределени (41 акции).

** Приоритетната кумулативна акција (златна акција) во сопственост на Владата на Република Македонија има едно право на глас и посебни права во согласност со Статутот на друштвото. Има ограничување за трговски и нетрговски трансфер.

*** Намалено за сопствените акции на Македонски Телеком АД, чии права во согласност со Законот за трговски друштва (член 338) мируваат.

Годишни извештаи

Годишен извештај за 2015

Контакт

Сектор за корпоративни финансии

E-адреса:IR@telekom.mk

Aдреса:
Кеј 13-ти Ноември бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија

pageArea reserved, leave empty!!!