Ти и другар/ка на специјален перформанс
на Били Ајлиш? Може!

Телеком ти овозможува единствена и неверојатна шанса - да бидеш дел од публиката на специјален перформанс на Били Ајлиш за само 2000 фанови на 1 јуни во Бон, Германија.

пост стори

Како?

На Инстаграм или на Тикток сподели ја твојата инспиративна приказна за тоа како технологијата ти помогнала да направиш позитивна промена за себе или за светот околу тебе, без оглед колку и да е мала - секоја се брои.

Објави ја во пост или стори на твојот Инстаграм профил и тагни нè @telekom_mk, или во видео на твојот Тикток профил и тагни нè @makedonski_telekom.

Искористи ги хаштазите #telekom_mk и #ТехнологијатаЗаДобро.

Предизвикот трае до 13 Мај

@majestic.at и @dinevv ќе ги одберат 5-те најинспиративни приказни и ќе ги објават на 14 мај во 14 часот на нашиот профил на Инстаграм (@telekom_mk) и
Тикток (@makedonski_telekom).

Следете нѐ.

најинспиративни приказни

Можеби токму ти ќе бидеш еден од 5-мината

со најиспиративна приказна кои ќе добијат патување за двајца на специјалниот перформанс на Били Ајлиш

01 ЈУНИ 2022 ВО БОН - ГЕРМАНИЈА

КАРТИ : ELECTRONICBEATS.NET

Billie Eilish

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО ГЕРМАНИЈА

Пред да земете учество, ве молиме информирајте се дали ги исполнувате условите за влез пропишани од Сојузна Република Германија. Во моментов, за влез во Германија е потребно сите лица над 12 години да бидат целосно вакцинирани со вакцина што е призната во Германија и од последната потребна вакцина да поминале минимум 14 дена, а максимум 270 дена, сметано од денот на влез во Германија.

Пред да ја финализира листата на избрани учесници, Македонски Телеком го задржува правото да провери дали добитниците ги исполнуваат условите кои важат за влез во Германија на денот на изборот, 14.5.2022 година и соодветно на тоа, доколку добитниците не ги исполнуваат овие услови, Телеком го задржува правото да ја пренесе наградата на следните учесници коишто ги исполнуваат условите за влез во Германија.

Телеком не сноси никаква одговорност доколку правилата за влез бидат изменети после 14.5.2022 година и поради тоа патувањето за некој од добитниците на награда не може да се реализира.

Доколку добитникот не е полнолетен до датумот на патувањето, задолжително е на патувањето да биде придружуван од полнолетно лице.

Правила и Времетраење

За да учествувате во предизвикот потребно е на вашиот Инстаграм или Tикток профил да споделите инспиративна приказна за тоа како технологијата ви помогнала да направите позитивна промена за себе или за светот околу вас, да го тагнете Телеком (на Инстаграм @telekom_mk, на Тикток @makedonski_telekom) и да ги искористите хаштазите #telekom_mk и #ТехнологијатаЗаДобро.

Предизвикот започнува од

3 Мај 2022

и ќе трае до 13.05.2022 година.

Награди

Пет учесници со најинспиративни приказни ќе добијат патување за двајца на специјален перформанс на Били Ајлиш во Бон, Германија, кое ќе вклучува: повратни авионски билети, организиран трансфер од аеродром до хотел, хотелско сместување и влезници за специјалниот перформанс на Били Ајлиш.

Телеком не сноси одговорност за време на патувањето во Бон, Германија.

Избор и објавување на добитници

Изборот на петте најинспиративни приказни ќе биде направен во соработка со инфлуенсерите Александра Трпеска (@majestic.at) и Александар Динев (@dinevv).

Избраните учесници ќе бидат објавени на 14.5.2022 година, во 14 часот на Инстаграм и Тикток профилите на Телеком
(@telekom_mk на Инстаграм и @makedonski_telekom на Тикток).

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

На денот на изборот, Телеком ќе ги контактира добитниците со порака во инбокс на нивниот Инстаграм/Тикток профил. Добитниците ќе треба да испратат повратна порака во инбох со контакт телефон. Доколку станува збор за малолетни лица, истите треба да остават контакт телефон од родител/старател.

Доколку, во рок од 24 часа од изборот, Македонски Телеком, и покрај вложените напори, не успее да обезбеди согласност за патувањето, како и потврда дека добитникот и лицето со коешто ќе патува ги исполнуваат условите за влез во Германија, добитникот се дисквалификува и го губи правото на наградата. Во таков случај, Телеком го задржува правото да ја пренесе наградата на следните учесници коишто ги исполнуваат условите. Добиените награди не можат да се заменат за пари, други награди или услуги.

Со учество во предизвикот, учесникот дава согласност да биде контактиран од страна на Македонски Телеком во врска со истиот.

Десктоп верзија