За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

CVM Data аналитика (B2B)

Како податоците стануваат основа за деловни одлуки? Ќе работите на развој и автоматизација на извештаи и BI dashboards кои ќе му помогнат на тимот да ги следи деловните перформанси и да носи одлуки базирани на податоци со цел креирање поголема вредност за нашите корисници.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон развој, оддржување и автоматизација на извештаи и интерактивни дашборди кои овозможуваат поефикасно следење на клучните CVM бизнис индикатори во B2B сегментот. Преку работа на проектот ќе имате можност да ги унапредите своите аналитички вештини преку спроведување анализи поврзани со однесувањето, вредноста и сегментацијата на клиентите, како и преку подготовка на извештаи и визуелизација на податоците во интерактивни дашборди.

Ќе стекнете практично искуство во областа на CVM и бизнис аналитика, како и подобро разбирање за тоа како податоците помагаат за носење на најважните деловни одлуки (data-driven decision making).

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на креирање, одржување и автоматизација на извештаи и дашборди за следење на KPI индикаторите во B2B сегментот. Ќе учествувате во собирање, структурирање и анализа на податоци од различни извори, со цел да се подготват извештаи со комерцијална вредност.

Ќе развивате едноставни аналитички модели, ќе извлекувате јасни бизнис увиди и ќе предложувате идеи за подобрување на перформансите и квалитетот на податоците. Ќе се запознаете со концептот на Customer lifecycle, и ќе помогнете во градење на нови Customer lifecycle journeys

Квалификации

  • Интерес за data analytics, BI алатки и работа со податоци.
  • Основно познавање или интерес за Power BI.
  • Разбирање на основи на статистичка анализа и аналитичко размислување.
  • Флексибилен и проактивен пристап во динамична работна средина.
  • Добри комуникациски и тимски вештини.
  • Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ, ФИНКИ, Природно-математички факултет и Економски факултет.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ, ФЕИТ, Природно-математички факултет и Економски факултет.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со реални бизнис податоци и BI алатки.
  • Развој на технички, аналитички и бизнис вештини.
  • Работа на реални use-cases кои придонесуваат за подобрување на бизнис резултатите.
  • Соработка со ментор и крос-функционални тимови.
  • Развој на вештини за анализа, презентација и интерпретација на податоци.

Ако сакате да работите со податоци, да развивате и автоматизирате извештаи и да придонесете во донесување на подобри бизнис одлуки, АПЛИЦИРАЈТЕ