Согласно член 391-б од Законот за трговски друштва, секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата на Собранието Македонски Телеком АД – Скопје (Друштвото).
Друштвото преку свој овластен орган или застапник е должно да одговори на прашањата што му ги поставуваат акционерите.
Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на Друштвото да одговори на поставените прашања може да биде претходно условено од потребата да се потврди личниот идентитет на акционерите кои поставиле прашања, одржувањето на ред во заседавањето и работата на собранието, или преземање активности за зачувувањето на доверливоста во работењето и деловните интереси на Друштвото.
Друштвото може да даде еден збирен одговор на прашањата со иста содржина.
Прашањата поставени од акционерите се сметаат дека се одговорени ако одговорите се достапни на интернет страницата на Друштвото во формат на прашање и одговор.
Друштвото е должно одговорите на поставените прашања на седница на Собранието на Друштвото да ги објави на својата интернет страница во формат на прашање и одговор.

Годишни извештаи

Годишен извештај за 2017

Контакт

Сектор за корпоративни финансии

E-адреса:IR@telekom.mk

Aдреса:
Кеј 13-ти Ноември бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија

pageArea reserved, leave empty!!!