Македонски Телеком како технолошки лидер на пазарот ги охрабрува младите коишто имат свежи идеи да го прифатат предизвикот заедно да ја водиме  дигиталната трансформација во општеството. Затоа, ги повикуваме талентираните луге да се придружат на нашиот тим за дигитализација, нудејќи им практично работно искуство со што ја зголемуваат можноста за нивно идно вработување. Тимот за дигитализација ќе работи на проекти за изнаоѓање на нови и иновативни решенија и услуги, со што ќе можеме да одговориме на зголемените потреби и барања на нашите корисници, подобрувајќи го корисничкото искуство кон кое постојано се стремиме.

Тимот кој што ќе работи на дигитализација треба да содржи неколку профили:

  • Е-бизнис лица – кои што ќе бидат одговорни за водење на процесот на дигитализација на компанијата преку дефинирање на процеси, давање на предлози за најдобро корисничко искуство при користење на дигиталните канали (веб, мобилна апликација, вебшоп), развивање на стратегии за развој на e-commerce. Овие лица ќе работат секојдневно со развивачите на  апликациите и веб страниците, со цел добивање на дизајн со најдобро корисничко искуство од секој аспект. 
  • Андроид и ИОС девелопери – кои што ќе работат на развој на нови услуги поврзани со Telekom MK апликацијата, како и развој на комплетно нови апликации.
  • Веб девелопери – кои што ќе бидат одговорни за подобрување на веб страниците на Македонски Телеком, со посебен фокус на веб шоп.
  • Графички дизајнери – одговорни за креирање на дизајн за веб страницата и Telekom MK апликацијата, како и разни промотивни материјали.

Доколку имате соодветно образование и сте креативни потребно е да ни испратите мотивациско писмо и CV во кое покрај личните податоци, ќе ја наведете причината зошто токму вие треба да бидете дел од овој тим на Македонски Телеком, како и позицијата за која се пријавувате.

Мотивациското писмо и CV-то ги очекуваме на следната e-mail адреса: career@telekom.mk

Станете и Вие дел од дигиталниот тим на Македонски Телеком кој што ќе ги води промените во општеството!

Контакт

Област за човечки ресурси

E-адреса:career@telekom.mk

Aдреса:
Кеј 13-ти Ноември бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија

pageArea reserved, leave empty!!!