Дополнување сметка

  • Лесно и брзо до кредит на твојот мобилен
  • Надополни припејд сметка, каде и да си
  • Надополнувај преку интернет со кредитна / дебитна картичка
  • Надополнување на припејд сметката на друг корисник

Македонски Телеком ти овозможува да дополниш кредит на својата или пак, на припејд сметката на кој било друг корисник, почнувајќи од само 100 денари.

Надополнувањето на припејд сметката може да се врши:

  • Во Телеком продавниците
  • Преку веб страницата на Македонски Телеком
  • Преку апликацијата TELEKOM MK
  • Преку плати онлајн портал
  • Преку банкоматите на Стопанска банка и Тутунска банка
  • Преку мобилна постпејд сметка со повик на 122
  • Преку фиксна сметка со повик на 122
  • Преку фиксна сметка во MaxTV менито (доколку си корисник на MaxTV)

Со проширената продажна мрежа на ваучери, можеш да ја надополниш својата сметка секаде каде што ќе го видиш логото на e-ваучер, и тоа на повеќе од 5.000 локации низ Македонија, вклучувајќи:

  • трафики
  • маркети
  • локални продавници
  • бензински станици
  • Макпетрол продавници.

Надополнување на припејд сметката на друг корисник

Припејд сметката може да ја надополни и мобилен постпејд корисник на Македонски Телеком на еден од следниве начини:

  • директно од својот мобилен телефон, преку говорниот автомат на 070 122
  • директно од својот мобилен телефон, преку услугата Мое мени, со бирање *122#.
  • преку својот профил на Мој Телеком

 Припејд сметката може да ја надополни и фиксен корисник на Македонски Телеком на еден од следниве начини:

  • директно од својот фиксен телефон, преку говорниот автомат на 122.
  • преку својот профил на Мој Телеком
  • преку MaxTV клиентот

Надополнувањето на припејд сметката може да го направи секој, без оглед дали е корисник на Македонски Телеком:

  • Преку банкомат - Појди до најблискиот банкомат на Стопанска банка или НЛБ Тутунска банка, одбери го менито за дополнителни услуги и следи ги инструкциите на екранот;
  • Посети го најблиското продажно место на ваучери, каде што треба само да се одбере саканиот износ и да се каже бројот на корисникот чијашто сметка се надополнува.

Валидност на припејд ваучерите:

Вредност на вayчер   Времетраење
100 ден. 60 денови
150 ден. 60 денови
200 ден. 60 денови
250 ден. 60 денови
300 ден. 60 денови
590 ден. 180 денови
900 ден. 360 денови
2.000 ден. 500 денови
pageArea reserved, leave empty!!!