Заедно за заштита на животната средина
Климатските промени го засегаат целиот свет и имаме заедничка одговорност да го намалиме негативното влијание врз природата. Да делуваме сега и да направиме разлика за подобра иднина на сите, со вас, нашите корисници како партнери во остварување на заедничката цел – почиста животна средина.
Затоа, на Глобалниот ден на рециклирањето – 18 март, започнуваме со иницијатива за рециклирање на старите мобилни телефони.
Во сите наши продавници, во партнерство со „Нула Отпад“, ќе ги собираме старите мобилни телефони со цел, заедно со вас, да го подобриме процесот на намалување на електронскиот отпад.