{{cart.Items.length}}

Генерални информации за играта

Telekom Fantasy Football апликација за забава и уживање со најдобриот фудбал на најдобрата телевизија

  • Онлајн игра преку која корисниците на Телеком ќе имаат уникатна можност да бидат менаџери на најдобрите фудбалери во светот
  • Со апликацијата, секој корисник составува свој идеален Champion League тим и собира поени
  • Корисникот со најмногу поени во секое коло добива PlayStation 4 и видео игра FIFA18, а за најдобриот менаџер за сезоната резервирани се две карти за финалето на Лига на Шампиони

Популарната онлајн игра Fantasy Football отсега ќе се игра и во Македонија. Македонски Телеком креираше Telekom Fantasy Football апликација којашто од денеска е достапна за сите страсни љубители на фудбалот. Со онлајн играта корисниците на Македонски Телеком имаат уникатна можност да бидат менаџери на најдобрите фудбалери во светот. Секој корисник има виртуелен буџет со којшто составува свој идеален фудбалски тим од играчите коишто играат во актуелните клубови кои се натпреваруваат во Лигата на Шампиони.

Идејата е да се состави тим од играчи со чија помош ќе се собираат поени од секој натпревар од Лигата на Шампиони. Корисникот којшто ќе освои најмногу поени во секое коло добива PlayStation 4 и видео игра FIFA18, а најдобриот менаџер за сезоната 2017/2018 добива две карти за уживање во големото финале кое ќе се оддржи во Киев наредната година.

До крајот на годинава ќе се оддржат 4 кола од Лигата на Шампиони до кога корисниците на Македонски Телеком ќе можат да добијат 4 вредни награди PlayStation 4 и видео игра FIFA18. Онлајн играта Telekom Fantasy Football ќе биде достапна до крајот на фудбалската сезона 2017/2018. Со новата Telekom Fantasy Football апликација, страсните љубители на фудбалот освен што ќе се забавуваат и добиваат награди, истовремено ќе уживаат со најдобриот фудбал на најдобрата телевизија.

Апликацијата Telekom Fantasy Football е достапна за корисниците на Андроид на следниот линк, а за корисниците на iOS на следниот линк.

Генерални правила

МЕХАНИЗАМ НА ИГРА

Избирање на почетниот состав
За да се придружите на играта, одберете екипа од 15 играчи составени од:

  • 2 голмани
  • 5 одбранбени играчи
  • 5 играчи од среден ред
  • 3 напаѓачи

Буџет
Вкупната вредност на вашиот првичен состав не смее да надмине 100 милиони евра.

Играчи по тим
Можете да изберете до три играчи од еден тим за време на групната фаза. Ова ќе се зголеми на четири играчи во кругот од 16, по што следуваат пет играчи за четврт-финалето, шест за полуфиналето и осум за финалето.

Водење на вашиот тим
Избор на почетни 11 играчи
Од вашиот тим од 15 играчи, одберете 11 играчи пред крајниот рок за натпреварот. Сите ваши поени за натпреварот ќе бидат постигнати од овие 11 играчи; ако еден или повеќе не играат тогаш тие автоматски можат да се заменат со играчите на клупата.
Вашиот тим може да игра во која било формација, со тоа што еден голман, најмалку двајца играчи од средниот ред, барем три одбранбени играчи и најмалку еден напред се избрани во секое време.

Избирање капитен
Од вашиот почетен состав од 11 играчи можете да одберете играч како капитен, чиј резултат ќе биде дуплиран на крајот на секој натпревар. Ако вашиот капитен не игра ниту една минута тогаш резултатот од играчот нема да биде двојно зголемен.

Замени
Замени се вршат до крајниот рок - еден час пред започнувањето на сите натпревари од колото во вторник. До тогаш, можете да:

  • Замените некој играч (освен ако нема добиено црвен картон) со еден од клупата;
  • Го промените вашиот капитен (освен ако нема добиено црвен картон) со друг играч од вашиот тим;
  • Играчите кои се заменуваат и се наоѓаат на клупата ќе постигнат 0 поени.
  • Направите неограничен број на замени внатре во определените играчи од тимот, иако не може да се направат после крајниот рок за измени и трансфери – а тоа е 1 час пред првиот натпревар од колото;

Правење на трансфери
Можете да купите и продадете играчи на пазарот на трансфери, и тоа неограничено и без трошоци, но само до вашиот краен рок на колото, како и помеѓу групните и нокаут фазите.

Број на слободни трансфери
Број на слободни трансфери
Пред трето коло од групната фаза: неограничено
Помеѓу преостанати кола од групна фаза: 1 трансфер
Помеѓу групната фаза и осмина-финалето: неограничено
Пред втор круг од осмина-финалето: 2
Пред прв круг од четврт-финалето: 5
Пред втор круг од четврт-финалето: 2
Пред прв круг од полуфиналето: 5
Пред втор круг од полуфиналето: 2
Пред финалето: 5

Цени на играч
Цените на играчите ќе останат исти, во текот на целото времетрање од играта.

Рокови
Корисникот може да создаде свој тим, да направи замени и трансфери, сѐ до крајниот рок - еден час пред започнувањето на сите натпревари од колото во вторник.
Сите трансфери мора да се направат до крајниот рок за колото, со цел да стапат на сила за тој сет на натпревари.
Крајните рокови се предмет на промена и ќе бидат во времето на започнување на првиот натпревар од колото.

Крајни рокови за секое коло:
Коло 1 - 17 октомври, 20.45
Коло 2 - 31 октомври, 20.45
Коло 3 - 21 ноември, 18.00
Коло 4 - 5 Декември, 20.45
Коло 5 - 13 февруари – осмина-финале прв круг
Коло 6 - 6 март – осмина-финале втор круг
Коло 7 - 3 април – четврт-финале прв круг
Коло 8 - 10 април – четврт-финале втор круг
Коло 9 - 24 април – полу-финале прв круг
Коло 10 - 1 мај – полу-финале втор круг

Бодување
Во текот на сезоната, вашите играчи ќе добиваат поени врз основа на нивните перформанси.
Перформанс / поени
Настап на натпревар / +1
Играње на најмалку 60 минути во игра (вклучувајќи ги поените за настап) /+2
Гол постигнат од голман или одбранбен играч / +6
Гол постигнат од играч од средниот ред / +5
Гол постигнат од напаѓач / +4
За секоја асистенција / +3
Голманот не прима гол додека е на теренот (мора да игра најмалку 60 минути) / +4
Одбранбениот играч не прима гол додека е на теренот (мора да игра најмалку 60 минути) / +4
Играчот од средниот ред не прима гол додека е на теренот (мора да игра најмалку 60 минути) / +1
Играч врз кој што е направен пенал / +2
Играч кој што го направил фаулот за пенал / -1
Промашен пенал од играч / -2
Одбранет пенал од голман/ +5
За секои два гола примени од голман или дефанзивец / -1
Жолт картон / -1
Црвен картон (вклучува одбивање на негативните поени од претходен жолт картон) / -3
Секои три одбрани направени од голман/ +1
Постигнат авто-гол / -2

Поени за асистенции
На играчот ќе му бидат доделени поени за асистенција за гол кога ќе го подаде / го игра конечниот пас, удар со глава или шут што води кон постигнување на голот. Ова исто така ќе се применува и за подавања од прекин на игра(на пример, корнери, слободни удари, аути, итн.).
Покрај тоа, обид кој се одбива од рамката на голот, голманот или дефанзивецот може да се смета како асистенција, ако таа води директно до гол.
Кога додавањето, ударот или дриблингот од страна на напаѓачот завршува во гол, на напаѓачот му се доделуваат поени како за асистенција.

  • Само еден играч може да биде заслужен за асистенција за постигнат гол
  • Не му се доделува асистенција на играч врз кој е извршен пенал
  • Асистенција не се доделува на играч кој создава своја можност за постигнување на гол (на пример, соло пробив / дриблинг)

Изиграни минути
Изиграните минути се пресметуваат врз основа на целосната минута што е завршена; на пример, ако некој играч е заменет во 60-та минута, му се суди дека играл 59 минути.

Друго
Се бројат поените постигнати во регуларните 90 минути. Игрите во продолженија и на пенали не се бројат за поени.

Време на одржување на натпреварот
Натпреварувањето се одвива во периодот од 17.10.2017 до 02.05.2018 година,
Разделено во следните 10 кола:
Коло 1 - Од 17.10.2017 до 18.10.2017 година;
Коло 2 - Од 31.10.2017 до 01.11.2017 година;
Коло 3 - Од 21.11.2017 до 22.11.2017 година;
Коло 4 - Од 05.12.2017 до 06.12.2017 година;
Коло 5 - Од 13.02.2018 до 21.02.2018 година;
Коло 6 - Од 06.03.2018 до 14.03.2018 година;
Коло 7 - Од 03.04.2018 до 04.04.2018 година;
Коло 8 - Од 10.04.2018 до 11.04.2018 година;
Коло 9 - Од 24.04.2018 до 25.04.2018 година;
Коло 10 - Од 01.05.2018 до 02.05.2018 година;

Резултатите се сметаат од првиот ден од односного коло од 00:00 часот до последниот ден од односного коло до 23:59, кога се прави финалниот пресек за таа недела.

Подароци
Подарок за победник во колото х10: PlayStation 4 + FIFA18
Главен подарок х1: Патување и сместување во Киев за две лица, плус две влезници за финалниот натпревар од Лигата на Шампионите во фудбал на 26 мај 2017 година.

Доделување на подароците:
Подароците нема да бидат доделени на првопласираните корисници во секое коло, односно во големото финале, доколку:

  • тој/таа не е во можност да ја искористи и/или подигне во предвидениот рок (во случај на болест, виша сила или некои останати непредвидени ситуации);
  • не ги достави бараните податоци во рок од 5 (пет) дена од од добивањето на известувањето за подигање на подарокот;
  • тој/таа не достави валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош) при достава/подигање на подарокот;
  • тој/таа на некој начин ги прекршил правилата на игра при учество во апликацијата, со кое било свое однесување.

Македонски Телеком АД Скопје ќе му достави известување на добитникот кога и каде да го подигне подарокот.

Доколку подарокот не може да биде доделена на првопласираниот  добитник, тогаш ќе биде доделен на второпласираниот добитник. Оваа постапка се повторува до исцрпување на листата на учесници редоследно, во однос на нивната финална позиција. Доколку подарокот не може да се додели на учесниците во конкретното неделно, односно големото финале, истиот останува во располагање на Македонски Телеком АД Скопје.

Секој од добитниците на подарокот треба да ги достави своите податоци (име и презиме, адреса и ЕМБГ) во рок од 5 (пет) дена од добивањето на известувањето за подигање на подарокот, на начин побаран од Македонски Телеком.

Неделните подароци треба да бидат подигнати во рок од 30 дена од добивањето на известувањето за подигање на подарокот, а главниот подарок треба да биде подигнат најдоцна до 10 дена од добивањето на известувањето за победник. Подароците не може да бидат заменети за парични средства. Од моментот на подигнување на подарокот од страна на добитникот во апликацијата, или пак од страна на лицето кое е овластено да го подигне подарокот, завршуваат сите обврски, односно ингеренции од страна на Македонски Телеком.
Со личните податоци што ќе бидат собрани со цел на победникот да му се врачи подарокот, ќе се постапува во согласност со прописите од оваа област што важат во Република Македонија. Истите ќе се обработуваат се до исполнување на целта заради која се собрани, по што ќе бидат избришани.

Права на учество
17+ Право на учество во овој натпревар имаат само лица над 17 години.
кои се државјани на Република Македонија, со напомена дека добитникот на главниот подарок со возраст до 18 години нема да може да патува без придружник и затоа е дозволено да го отстапат подарокот на друг полнолетен граѓанин.

Дисквалификација
Македонски Телеком има овластување да го дисквалификува секој корисник, за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со овие услови за користење. Одлуките на Македонски Телеком во поглед на можните дисквалификации, се конечни.

Во случај Македонски Телеком да забележи измамничко однесување со кое корисникот добива предност пред другите корисници, има потполно право во истиот момент на тој корисник да му забрани повторно учество во апликацијата „Telekom Fantasy Football“.

Имател на играта
Имател на апликацијата „Telekom Fantasy Football“ е компанијата Македонски Телеком АД Скопје. Македонски Телеком го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени кој било дел од наведените Услови за користење.

Apple Inc. не е спонзор на овој натпревар, ниту пак Apple е на било каков начин е поврзан со него.


УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА

Добитници



Добитник 1 коло: Шенол Шаини

Добитник 2 коло: Филип Гиноски

pageArea reserved, leave empty!!!