Гоце Митевски

Печати

Преземи

Гоце Митевски е Главен комерцијален директор за деловни корисници на Македонски Телеком. Гоце Митевски на оваа позиција доаѓа како искусен професионалец за стратегија и деловен развој со повеќе од 15 години искуство во областа на телекомуникациите, особено фокусиран на деловен раст, трансформација и иновации.

Митевски и се приклучи на компанијата во 2003 година, каде уште од самиот почеток работи на клучните текови и проекти за поставување на актуелната регулатива за либерализиран телекомуникациски пазар во земјава. Како докажан експерт за стратешко планирање, Митевски има активен удел во планирањето на пазарот, како и во изготвувањето на корпоративната стратегијата базирана на раст и конкурентна предност. Забележал особен успех и во управувањето со иновации како поддршка на деловниот развој.

Митевски има значајно искуство во реализирањето големи трансформациски проекти, меѓу кои воведување 4G/LTE и воведување IPTV на македонскиот пазар, во кои има клучна улога од позиција на стратешки експерт.

Митевски е дипломиран правник од УКИМ и има магистерска диплома по MBA. Исто така, завршил и студии за корпоратаивна стратегија на престижната школа INSEAD во Франција, како и Меѓународна школа за Индустриски односи во Италија.

pageArea reserved, leave empty!!!