За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Имплементација на нов систем за
IP провизионирање на сервиси
во IP Core – MPLS мрежа

Како се автоматизираат услугите во една телекомуникациска IP мрежа?

Во овој проект ќе имате можност да работите на имплементација на нов систем за автоматско провизионирање на IP сервиси и да стекнете практично искуство со модерни network automation технологии.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон тестирање и имплементација на open-source систем за провизионирање на услуги во IP Core MPLS мрежата. Активностите вклучуваат интеграција со постојните системи, развој на API интерфејси и автоматизација на процесите за конфигурација и управување со мрежните сервиси.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во имплементација на нов open-source provisioning систем за управување со IP Core сервиси. Ќе работите на развој на скрипти за опис на услугите и API интеграции со други системи. Во текот на проектот ќе имате можност да се вклучите во активности поврзани со автоматизација, визуелизација на процесите и интеграција на системи во рамки на open-source екосистем.

Квалификации

  • Основно познавање на програмски јазици како Java или Python.
  • Познавање на SQL и основи на бази на податоци.
  • Разбирање на концепти поврзани со core мрежи и IP инфраструктура.
  • Аналитичко размислување и интерес за network automation.
  • Основно познавање на Excel или алатки за анализа на податоци.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со автоматизација на телекомуникациски мрежи.
  • Работа со open-source технологии и интеграција на системи.
  • Запознавање со cloud платформи и модерни DevOps алатки.
  • Развој на програмерски и аналитички вештини во телеком средина.
  • Искуство релевантно за кариера во network automation и системска интеграција.

Ако сакате да работите на автоматизација на IP мрежи и да развивате алатки кои ги управуваат телекомуникациските сервиси, АПЛИЦИРАЈТЕ!