Правни напомени
Трајност
Тврдење засновано врз керамичкиот заштитен слој на iPhone 12 и iPhone 12 Pro во споредба со моделите на iPhone од претходната генерација.
Дисплеј
Дисплејот има заоблени рабови со убав закривен дизајн, при што аглите се во стандарден правоаголник. При мерењето на правоаголникот, димензиите на екранот се 5,42 инчи (13,76 сантиметри) (iPhone 12 mini), 5,85 инчи (14,8 сантиметри) (iPhone 11 Pro, iPhone XS, iPhone X), 6,06 инчи (15,3 сантиметри) (iPhone 12 Pro, iPhone 12, iPhone 11, iPhone XR), 6,46 инчи (16,4 сантиметри) (iPhone 11 Pro Max, iPhone XS Max) или 6,68 инчи (16,9 сантиметри) (iPhone 12 Pro Max) дијагонално. Екранот на кој се прикажува слика, всушност, е помал.
Мобилна мрежа
Потребен е тарифен модел. 5G и LTE се достапни на одредени пазари и преку избрани мобилни оператори. Брзината се заснова врз теоретски пресметки и зависи од условите на терен и од можностите на самиот мобилен оператор. За дополнителни информации за поддршката на 5G и LTE, обратете се кај вашиот мобилен оператор и посетете ја веб-страницата apple.com/iphone/cellular.
Моќност и батерија
Сите тврдења во врска со трајноста на батеријата зависат од мрежната конфигурација и од голем број други фактори, па според тоа, реалните перформанси се разликуваат од прикажаното. Батеријата има ограничен циклус на полнења и може да биде потребна нејзина замена од страна на овластен застапник на Apple. Животниот циклус на батеријата и циклусите на полнење зависат од начинот на користење и од поставките. За повеќе информации, пристапете на apple.com/batteries и на apple.com/iphone/battery.html.
Репродукција AirPlay
Потребен е Apple TV или друг телевизор што поддржува AirPlay.
Достапност
Можно е одредени опции да не бидат достапни во одредени земји или места.
Додатоци
Додатоците се продаваат одделно.