Нашата визија отсекогаш била да создадеме iPhone, кој целиот ќе биде само екран. Нешто во кое толку ќе се задлабочите што буквално ќе заборавите дека држите телефон. И толку интелигентно што одговара на вашиот допир, на вашиот глас, дури и само на вашиот поглед. Со iPhone X, таа визија сега е реалност. Посакајте ѝ добредојде на иднината.

Купи сега

Дизајн и екран

Целиот е екран!

Екран
Super Retina

Со iPhone X, целиот уред е еден голем екран. Новиот 5,8-инчен екран Super Retina ја исполнува дланката и ги маѓепсува очите.1

Иновативна
технологија

Екранот има нова техника и технологија, која прецизно ги следи линиите на дизајнот сe до елегантно заоблените агли.

OLED дизајниран за iPhone X

Првиот екран OLED што е на ниво на стандардите на iPhone, со прецизни, фантастични бои, вистински црни нијанси, висока осветленост и сразмер на контрастот од 1.000.000 спрема 1.

Камера
True Depth

На мал простор е сместена најсофистицираната технологија што некогаш сме ја развиле, вклучувајќи камери и сензори со кои се овозможува Face ID.

Целосно нов дизајн

Најиздржливото стакло некогаш направено за смартфон, и однапред и одзади. Челик отпорен на корозија со квалитет на хируршки инструмент. Безжично полнење. Отпорност на вода и на прашина.2

Интуитивни движења

Движењата што веќе ви се познати овозможуваат природна и интуитивна навигација. Наместо да притискате копче, со обично повлекување стигнувате на почетниот екран од каде било.

Face ID

Револуција во препознавањето лица.

Безбедна автентикација

Вашето лице е вашата лозинка. Face ID е безбеден и нов личен начин на отклучување, автентикација и плаќање.

Фацијално мапирање

Face ID е овозможено со камерата TrueDepth и се поставува едноставно. Проектира и анализира повеќе од 30.000 невидливи точки за да создаде прецизна длабочинска мапа на вашето лице.

Камера TrueDepth

Предна камера за напредно размислување.

Селфи во режим на портрет

Создавајте убави селфи со изострени детали во преден план и уметнички заматени заднини.

Осветлување за портрет

Нова функција во режимот на портрет, со која се добиваат импресивни ефекти на осветленост со квалитет на професионално студио.

Animoji

Камерата TrueDepth анализира повеќе од 50 различни движења на мускулите за да може да го преслика вашиот израз на лицето со помош на 12 animoji. Откријте ги пандата, прасето или роботот во вас.

Двојна камера, секоја по 12MP

Уметноста на фотографирањето. Поедноставена.

Подобрени камери

Поголем и побрз сензор од 12MP. Нов филтер за бои. Подлабоки пиксели. Како и нова телефото камера со OIS.

Осветлување за портрет

Камерите за чувствување на длабочината и прецизното мапирање лица создаваат исклучителни ефекти на осветлување со студиски квалитет.

Dual OIS

Обете задни камери имаат оптичка стабилизација на слика и брзи леќи за извонредни фотографии и видеа дури и на слаба светлина.

Оптички зум

Широкиот агол и телефото камерите на iPhone X овозможуваат оптички зум, како и дигитален зум до 10 пати за фотографии и до 6 пати за видеа.

A11 Bionic

Натчовечка
интелигенција.

Невронска
машина

Ви го претставуваме A11 Bionic. Најмоќниот и најпаметниот чип некогаш направен за паметен телефон со невронска машина што е способна за 600 милијарди операции во секунда.

Побрз CPU

Четирите ефикасни јадра во целосно новиот CPU се до 70 проценти побрзи од A10 Fusion. А двете работни јадра се побрзи до 25 проценти.

Приспособливо препознавање

Машинското учење овозможува Face ID да се приспособи на физичките промени на вашиот изглед низ времето.

Ефикасно напојување

Контролор на перформансите од втора генерација и приспособен дизајн на батеријата, која трае до два часа подолго меѓу полнења во споредба со iPhone 7.5

GPU дизајнирана од Apple

Новата тријадрена GPU дизајнирана од Apple е до 30 проценти побрза од A10 Fusion.

Зголемена реалност

A11 Bionic овозможува неверојатно искуство на зголемена реалност во игрите и во апликациите.

Безжично полнење

Безжично полнење за свет без жици.

Безжично полнење

Со оглед на тоа што не е потребен кабел за полнење, iPhone Х е вистинскиот мобилен телефон за иднината на безжичниот пренос.4

Свет без жици

Полнете со помош на безжичните станици за полнење и подлошките што ќе ги најдете во хотели, кафулиња и на аеродромите низ светот.

iOS 11

Иновативен iOS за иновативен iPhone.

Дизајнирано за iPhone X

Телефон што е целиот екран бара целосно преосмислен оперативен систем со нови способности и движења.

Ново во
iOS 11

Плаќајте им на пријателите преку пораки.* Дозволете ѝ на Siri да ви биде преведувач. И откривајте нова музика со пријателите во Apple Music.7

Зголемена реалност

Играјте неверојатни игри со зголемена реалност (AR) и користете апликации на најголемата платформа во светот за зголемена реалност.

* Доаѓа оваа есен

1. Екранот на iPhone X има заоблени агли што го следат убавиот заоблен дизајн и не излегуваат од рамките на правоаголник. Кога се мери како стандарден правоаголник, екранот е 5,85 инчи дијагонално (реалната површина на гледање видеа и слики е помала).

2. iPhone Х е отпорен на прскање, вода и прашина, и е тестиран во контролирани лабораториски услови со рангирање од IP67 според стандардот IEC 60529. Отпорноста на прскање, вода и прашина не претставуваат трајни услови, а отпорноста може да се намали како резултат на нормалното абење. Не обидувајте се да полните мокар iPhone. Погледнете го прирачникот за користење за да ги видите упатствата за чистење и за сушење. Оштетувањата од течности не се покриени со гаранцијата.

3. Можно е да биде потребна претплата за пристап до одредена содржина.

4. Компатибилните безжични подлошки се продаваат посебно.

5. Животниот век на батеријата варира според употребата и конфигурацијата. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.apple.com/batteries.

6. Се продава посебно. Потребни се компатибилни iPhone, Apple Watch или AirPods. AirPods со можност за безжично полнење ќе се појават на пазарот во 2018 година.

7. За Apple Music е потребна претплата.

Apple Pay Cash е услуга што ја обезбедува Green Dot Bank, членка на FDIC.

Одредени функции не се достапни во сите земји или области.

Wonder Woman е достапен на iTunes. Wonder Woman © 2017 WBEI и TM и © DC Comics. Сите права се задржани.

Sky App ќе биде достапна во зима 2017 година. Може да не биде достапна во App Stores во сите земји и области.

Десктоп верзија