{{cart.Items.length}}

Прекрасен ум.

iPhone 8 ви претставува еден сосема нов
дизајн целосно од стакло.
Најпопуларната камера на светот сега е уште подобра.
Со најмоќниот и најпаметниот чип некогаш
виден во еден смартфон.
Со безжично полнење без трошка напор.
Досега невидено доживување со функцијата
за зголемена реалност.
Нова генерација iPhone.

Дизајн

iPhone
од стакло.

Целосен дизајн од стакло

Најиздржливото стакло некогаш видено кај смартфон, однапред и одзади. Алуминиумска лајсна со квалитет како во вселенска програма, со боја што се совпаѓа. Нов сив, сребрен и златен ефект.

Отпорен на вода и на прашина

Прецизно конструиран да
не пропушта вода и прашина.1

Безжично полнење

Стаклената позадина овозможува
лесно безжично полнење.2

Во две големини

Нови 4,7-инчни и 5,5-инчни
екрани Retina HD.3

Екран Retina HD

Retina HD.

Сега со True Tone.

Сосема нов екран

Екран Retina HD, поубав од кога било.
Со True Tone, широка палета бои
и 3D Touch.

True Tone

Технологијата True Tone автоматски го приспособува балансот на бела светлина, за да може да се совпадне со осветлувањето околу вас. За уште подобро искуство во користењето на екранот во секакви средини.

Брилијантни бои

Со помош на широката палета бои и најпрецизното нијансирање на боите во индустријата, екранот дава уште побрилијантна и поживописна слика.

Широки агли на гледање

Двојната мрежа од пиксели овозможува одличен агол на гледање од која било перспектива.

Камери

Најпопуларната камера
во светот.
Сега уште подобра.

Целосно нов сензор

iPhone 8 има уште понапредна камера со резолуција од 12MP. Со поголем и побрз сензор. Нов филтер на бои. Подлабоки пиксели. И оптичка стабилизација на сликите и на видеата.

Режим на портрет

Режимот на портрет кај iPhone 8 Plus е уште подобар. За поостри детали во предниот план и поприродна замагленост на позадините.

Светло за портрет (Бета верзија)

Двојните камери и новото исцртување на лицето создаваат драматични студиски светлосни ефекти во режимот на портрет. 4

Оптички зум

Широкиот агол и телефото леќите кај iPhone 8 Plus овозможуваат оптичко, но и дигитално зумирање до 10 пати за слики и 6 пати за видеа.

A11 Bionic

Најмоќниот и најпаметниот
чип некогаш направен
за смартфон.

Побрзо CPU

Ви го претставуваме A11 Bionic. Со четири јадра на ефикасност, кои се до 70 проценти побрзи од А10 Fusion. Но и со две работни јадра побрзи до 25 проценти.

Ефикасно напојување

Контролорот на перформансите од втора генерација овозможува повеќе моќ кога таа ви е потребна. А истовремено ја добивате истата долговечност на батериите.4

GPU дизајнирана од Apple

Новата тријадрена GPU дизајнирана од Apple е до 30 проценти побрза од A10 Fusion.

Зголемена реалност

A11 Bionic напојува неверојатни апликации за зголемена реалност и за игри, кои ќе ја сменат вашата перцепција за светот.

Безжично полнење

Безжично полнење
за свет без жици.

Безжично полнење

Со оглед на тоа дека не е потребен кабел за полнење, iPhone 8 е вистинскиот мобилен телефон за иднината на безжичниот пренос.2

Свет без жици

Полнете со помош на безжичните станици за полнење и подлошките што ќе ги најдете во хотели, кафулиња и на аеродромите низ светот.

AirPower (достапно од 2018 г.)

Ви ја претставуваме подлошката AirPower. Само поставете ги вашите iPhone, Apple Watch и AirPods каде било на подлошката за да ги наполните безжично.5

iOS11

Џиновски чекор
за iPhone.

iOS

iOS е најнапредниот, најинтуитивниот и најбезбедниот оперативен систем за мобилни уреди во светот. Создаден е за да ви помогне да го извлечете најдоброто од вашиот iPhone.

Ново во
iOS 11

Отворајте апликации со помалку кликови, преку пораки.* Дозволете и на Siri да ви биде преведувач. И откривајте нова музика со пријателите во Apple Music.6

Зголемена реалност

Играјте неверојатни игри со зголемена реалност (AR) и користете апликации на најголемата платформа во светот за зголемена реалност.

* Доаѓа есенва.

1. iPhone 8 и iPhone 8 Plus се отпорни на прскање, вода и на прашина, и се тестирани во контролирани лабораториски услови со рангирање од IP67 според стандардот IEC 60529. Отпорноста на прскање, вода и на прашина не претставуваат трајни услови, а таа може да се намали како резултат на нормалното абење. Не обидувајте се да полните мокар iPhone. Погледнете го прирачникот за користење за да ги видите упатствата за чистење и за сушење. Оштетувањата од течности не се покриени со гаранцијата.

2. Компатибилните безжични подлошки се продаваат посебно.

3. Се продава посебно.

4. Животниот век на батеријата и циклусот на полнење варира според употребата и поставките. За повеќе информации, посетете ја веб страницата www.apple.com/batteries.

5. Се продава посебно. Потребни се компатибилни iPhone, Apple Watch или AirPods. AirPods со можност за безжично полнење ќе се појават на пазарот во 2018 година.

6. За Apple Music е потребна претплата.

Одредени функции не се достапни во сите земји или области.

Sky App ќе биде достапна есента 2017 година. Sky App може да не e достапна во App Store во сите земји и региони.

pageArea reserved, leave empty!!!