Како се користи MaxTV GO?

За корисници на Magenta 1

  1. На вашиот смартфон или таблет ја инсталирате MaxTV GO мобилната апликација. MaxTV GO за Android уреди е достапна за преземање на Google Play Store, а за iOS уреди на App Store.
  2. Преку вашиот десктоп или лаптоп компјутер пристапувате на maxtvgo.mk. Потребно е компјутерот да биде поврзан на интернет и да имате инсталирано интернет пребарувач. Препорачан пребарувач е Chrome.
  3. Се регистрирате и креирате Мој Телеком профил за користење на MaxTV GO. За регистрација потребно е да внесете корисничко име (е- адреса), лозинка и Magenta 1 мобилен број.
  4. Секој мобилен број од Magenta 1 може да креира сопствен Мој Телеком профил. MaxTV GO е достапна на максимум 2 уреди со еден кориснички профил, при што MaxTV GO може да се гледа само на еден уред истовремено.
  5. По успешната регистрација, се најавувате, ја активирате услугата и можете да уживате во вашата омилена ТВ содржина со MaxTV GO.
  6. Доколку ја користите услугата преку вашиот Magenta 1 смартфон, имате на располагање 10 GB вклучен сообраќај за секој мобилен број од Magenta 1. По надминување на вклучениот сообраќај услугата се прекинува. Доколку сакате да продолжите да гледате MaxTV до крајот на месецот, активирајте Instant MaxTV пакет со праќање SMS порака со содржина Instant MaxTV на бесплатниот број 1462.

За корисници на Internet & TV, 3 Max, 2 Max пакети

  1. На вашиот смартфон или таблет ја инсталирате MaxTV GO мобилната апликација. MaxTV GO за Android уреди е достапна за преземање на Google Play Store, а за iOS уреди на App Store.
  2. Преку вашиот десктоп или лаптоп компјутер пристапувате на maxtvgo.mk. Потребно е компјутерот да биде поврзан на интернет и да имате инсталирано интернет пребарувач. Препорачан пребарувач е Chrome.
  3. Се регистрирате и креирате Мој Телеком профил за користење на MaxTV GO. По успешната регистрација, добивате линк за потврда на вашата (е- адреса). За активирање Мој Телеком корисничката сметка, потврдете ја регистрацијата преку линкот испратен на вашата е-адреса.
  4. По потврдување на регистрацијата преку линкот испратен на вашата е-адреса, за да ја користите МaxTV GO услугата потребно е да внесете корисничко име (е- адреса) и лозинка. Потоа, ќе треба да внесете и мобилен број*.
  5. По внесувањето на мобилниот број ќе добиете “SMS” безбедносен код, кој што треба да го внесете во понатамошната форма.
  6. Доколку сте нов корисник (претходно се немате регистрирате на Мој Телеком) ќе треба да внесете конто и фиксен број. Со еден ист фиксен број може да се креира еден Мој Телеком профил. MaxTV GO е достапна на максимум 3 регистрирани уреди, при што MaxTV GO може да се гледа само на еден уред истовремено.
  7. Доколку претходно се имате регистрирано на Мој Телеком и имате регистрирано мобилен број за MaxTV GO услугата, ќе бидете пренасочени на екранот со понудата за MaxTV GO S/M за корисници на Internet & TV, 3 Max, 2 Max пакети.
  8. Нареден чекор, ја активирате услугата MaxTV GO за 99 ден./месечно со вклучен 10 GB сообраќај во мобилната мрежа на Телеком и можете да уживате во ТВ содржините.
  9. Доколку ја користите услугата преку мобилна мрежа, по искористување на 10 GB сообраќај, услугата се прекинува. Ако сакате да продолжите да гледате MaxTV GO до крајот на месецот, активирајте Instant MaxTV пакет со праќање SMS порака со содржина Instant MaxTV на бесплатниот број 1462.
  10. Доколку ја користите услугата преку мобилен број кој не е регистриран за MaxTV GO, реализираниот сообраќај се наплатува по цена од 1,18 ден. за 2 MB. Ако ја користите услугата преку мобилен број од друг оператор, сообраќајот ќе ви биде наплатен согласно Ценовникот за мобилен интернет од операторот.
  11. Доколку ја користите услугата поврзани на домашниот WiFi интернет, ви се троши од вклучениот сообраќај во пакетот за фиксен интернет.

*За да користите MaxTV GO внесете нов мобилен број или одберете еден од постојните мобилни броеви од Мој Телеком профилот.

pageArea reserved, leave empty!!!