Kaspersky софтвер

  • Врвна заштита за корисници кои се често на интернет
  • Напредна антивирусна заштита
  • Ефикасна безбедност во текот на онлајн активностите како што се сурфање, банкарство, комуникации и сл.
  • Достапен на македонски, албански и англиски јазик

Карактеристики

Онлајн софтверски пакет - Kaspersky софтвер

Kaspersky INTERNET SECURITYобезбедува врвна заштита и е наменет за корисници кои се често на интернет. Неговиот најсовремен, хибриден приод кон дигиталната безбедност комбинира иновативни технологии базирани на „cloud“ со напредна антивирусна заштита за обезбедување на ефикасна безбедност во текот на онлајн активностите како што се сурфање, банкарство, комуникации и сл.

Kaspersky ANTI-VIRUS се препорачува за корисници кои не се често на интернет и нуди основна заштита за компјутерите.

Во прилог се дадени главните функционалности на двата софтвери. Повеќе функционалности проверете ТУКА.


Функционалности Kaspersky
ANTI-VIRUS
Kaspersky
INTERNET SECURITY
Основна заштита
File, Mail, IM, Web Anti-Virus вклучен вклучен
Напредна заштита
Услуги базирани на Cloud (репутација) вклучен вклучен
Автоматско спречување на експлоатација (Automatic Exploit Prevention) вклучен вклучен
Следач на системот (System Watcher) вклучен вклучен
Системска безбедност
Проверка на системот по заразувањето со вирус вклучен вклучен
Интернет и мрежна безбедност
URL советник вклучен вклучен
Safe Money вклучен вклучен
Firewall вклучен вклучен
Блокатор на мрежни напади вклучен вклучен
Заштита на дигиталниот идентитет
Anti-Phishing вклучен вклучен
Виртуелна тастатура вклучен вклучен
Безбедносна тастатура вклучен вклучен
Блокирање на несакана содржина
Anti-Spam вклучен вклучен
Anti-Banner вклучен вклучен
Семејна заштита
Напредна родителска контрола вклучен вклучен
Контрола на користењето на компјутерот и на апликациите вклучен вклучен
Контрола на комуникациите преку електронска пошта, апликации за испраќање брзи пораки и социјални мрежи вклучен вклучен

Активација на пакет

Онлајн софтверските пакети - Kaspersky се активираат преку страницата Мој Телеком. Само регистрираните членови може да пристапат до личната Мој Телеком страница и да активираат онлајн софтверски пакети.

Ако не сте регистриран Мој Телеком корисник, регистрацијата е едноставна, брза и бесплатна. Овозможена е за сите корисници на Македонски Телеком во 4 едноставни чекори. По успешно комплетирање на чекорите добивате единствен кориснички профил достапен во секое време. Пристапете на страницата ТУКА и регистрирајте свој профил.

  • За активирање на Kaspersky софтврски пакет, најавете се на Мој Телеком страницата.
  • Во менито одберете Онлајн софтверски пакети и изберете го пакетот кој сакате да го активирате: Kaspersky INTERNET SECURITY или Kaspersky ANTI-VIRUS
  • Прочитајте ги и прифатите ги Општите услови за користење на пакетите
  • За потврда на активацијата потребен ви е Активирачкиот код, кој доколку до сега не сте го добиле, можете да го креирате сами веднаш по најавата на Мој Телеком
  • Во делот Активни пакети (Онлајн софтверски пакети –> Активни пакети) кликнете на линкот за симнување на соодветниот пакет кој го активиравте.
  • Штом симнувањето на софтверот ќе заврши во Downloads, кликнете два пати на документот кој го симнавте или пак директно кликнете на копчето Run.
  • ПИН кодот на софтверот секогаш ќе можете да го видите на Мој Телеком (Онлајн софтверски пакети –> Активни пакети)

Цени

Секој нов корисник на Kaspersky софтверските пакети добива до 90 дена бесплатен пробен период за првиот активиран пакет.

Доколку не го деактивирате софтверот во текот на бесплатниот период за користење, автоматски ќе започне наплатата на месечно ниво со цени дефинирани за активираниот пакет.

Активацијата на пакетите е без долгорочни договорни обврски.


Функционалности Производ Месечен надомест
За корисници на фиксни говорни услуги и 2 Max пакети Kaspersky Antivirus 75 денари
Kaspersky Internet Security 85 денари
За корисници на MaxADSL, Call & Surf, 3Max, Max Optic, Call & Surf Optic, 3Max Optic Kaspersky Antivirus 65 денари
Kaspersky Internet Security 75 денари
За корисници на Magenta 1 Business пакети Kaspersky Internet Security Бесплатни лиценци согласно дефинираниот број во Magenta 1 Business пакетот

Цени се со вклучен ДДВ.

Системски барања

KASPERSKY INTERNET SECURITY и KASPERSKY ANTI-VIRUS

За сите типови на оперативни системи потребно е:

  • Приближно 480 МВ слободен простор на хард дискот (во зависност од големината на антивирусните бази на податоци)
  • Интернет конекција – за активирање на софтверот
  • Microsoft Internet Explorer 8 или понова верзија
  • Microsoft Windows Installer 3.0 или понова верзија
  • Microsoft .Net Framework 4

За оперативните системи (некои функционалности на производите можат да работат само на х32 оперативни системи):

  • Microsoft Windows XP Home Edition (Service Pack 3 или понова верзија)
  • Microsoft Windows XP Professional (Service Pack 3 или понова верзија)
  • Microsoft Windows XP Professional x86 Edition (Service Pack 3 или понова верзија)
  • Microsoft Windows XP Professional x64 Edition (Service Pack 2 или понова верзија)

потребни се следните хардверски барања::

  • Процесор: 800 MHz или повеќе
  • 512 MB достапна RAM меморија

За оперативните системи (некои функционалности на производите можат да работат само на х32 оперативни системи);

  • Microsoft Windows Vista Home Basic (32/64 Bit) (Service Pack 1)
  • Microsoft Windows Vista Home Premium (32/64 Bit) (Service Pack 1)
  • Microsoft Windows Vista Business (32/64 Bit) (Service Pack 1)
  • Microsoft Windows Vista Enterprise (32/64 Bit) (Service Pack 1)
  • Microsoft Windows Vista Ultimate (32/64 Bit) (Service Pack 1)
  • Microsoft Windows 7 Starter
  • Microsoft Windows 7 Home Basic (32/64 Bit)
  • Microsoft Windows 7 Home Premium (32/64 Bit)
  • Microsoft Windows 7 Professional (32/64 Bit)
  • Microsoft Windows 7 Ultimate (32/64 Bit)

потребни се следните хардверски барања

  • Процесор: 1 GHz или повеќе
  • 1 GB достапна RAM меморија (32 Bit) или 2 GB достапна RAM меморија (64 Bit)

Хардверски барања за Netbook

  • CPU: Intel Atom 1.6 GHz
  • RAM: 1 GB DDR2
  • Хард диск: 160 GB
  • Видео картичка: Intel GMA950
  • Екран: 10.1 инчи, 1024x600 широк екран
  • Оперативен систем: Microsoft Windows XP Home Edition
pageArea reserved, leave empty!!!