Преземи MagentaTV Go App

MAGENTA TV GO

НОВО ТВ ДОЖИВУВАЊЕ КАДЕ И ДА СТЕ

MagentaТV Gо е апликација која ви овозможува идентично ТВ доживување во движење, како и дома на вашиот MagentaTV Box. Гледајте телевизија во живо, изнајмувајте и гледајте ги вашите омилени содржини каде и да сте, директно од вашиот смартфон, таблет или лаптоп.

ШТО ВИ ОВОЗМОЖУВА MAGENTA TV GO
Модерен интуитивен дизајн
Супериорно корисничко искуство и кога сте во движење директно на вашиот смартфон
Лесен и брз пристапдо омилените содржини на сите канали согласно вашата ТВ претплата
Снимање, паузирање и враќање назад
ТВ-тека со содржини од последните 7 дена
ТВ водич со детална содржина
Пристап до богата содржина во Видео клуб и Видеотека
Избор на омилени канали и содржини
MagentaTV Go е достапна на максимум три уреди со еден кориснички профил, при што MagentaTV Go може да се гледа на сите три уреди истовремено.
КАКО СЕ КОРИСТИ MAGENTA TV GO НА

СМАРТФОН ИЛИ ТАБЛЕТ

  • Преземете ја апликацијатаta MagentaTV Gо од Македонски Телеком преку Google Play или од App Store.
  • Откако ќе ја инсталирате апликацијата, најавете се со вашиот Телеком профил.
  • Aктивирајте ја услугата MagentaTV Gо и уживајте во богатата ТВ содржина на MagentaTV, каде и да сте.
Преземи MagentaTV GO App
КАКО СЕ КОРИСТИ MAGENTA TV GO НА

КОМПЈУТЕР ИЛИ ЛАПТОП

  • Пристапeте до страницата magentatvgo.mk преку вашиот веб-пребарувач. Потребно е компјутерот да биде поврзан на интернет. Препорачан пребарувач е Chrome.
  • Најавете се со вашиот Телеком профил по што сите ваши содржини ќе станат достапни и на овој уред.
Гледај MagentaTV Go

MAGENTA TV GО Е ДОСТАПНА СО

Magenta 1

  1. Доколку ја користите MagentaTV Go услугата преку вашиот смартфон, имате на располагање 20 GB вклучен сообраќај за секој мобилен број од Magenta 1. По надминување на вклучениот сообраќај, за следење на MagentaTV Go услугата ќе го трошите мобилниот интернет сообраќај вклучен во вашата тарифа. Доколку сакате да гледате MagentaTV Go неограничено, активирајте ја опцијата Stream ON. Опцијата Stream On е достапна како телеком поволност во Magenata Moments програмата на Telekom MK App за мобилните тарифни модели Magenta 1 мобилни услуги S и M или како дополнителна услуга по цена од 99 денари/месечно.
  2. Доколку ја користите услугата кога сте поврзани на домашниот WiFi интернет, Ви се троши од вклучениот сообраќај во пакетот за фиксен интернет.
Повеќе

Internet & TV пакети

*За да користите MagentaTV Go, внесете нов мобилен број или одберете еден од постојните мобилни броеви од Мој Телеком профилот.

Прашања и одговори

MagentaTV Go е новата интерактивна телевизија којашто можете да ја користите каде било и од кој било уред (смартфон, таблет или компјутер).

MagentaTV Go нуди голем избор на домашни и странски ТВ канали од сите жанрови, како и содржини достапни на барање, коишто можете да ги гледате кога сакате. MagentaTV Go е достапна на паметните уреди преку апликацијата MagentaTV Go или на веб преку интернет пребарувач.

  • ТВ во живо: Гледајте ги омилените MagentaTV Go канали и кога сте во движење.
  • ТВ-водич: Информации за програмата од претходните и наредните денови.
  • Паузирање, премотување: Паузирање и премотување на содржините на најгледаните ТВ канали.
  • ТВ-тека: Преглед на содржините емитувани во последните 7 дена на најпопуларните ТВ канали од сите жанрови.
  • Видеотека: Вашето кино достапно во секое време и насекаде, каде што можете да изнајмите филм и да го гледате на сите уреди во период на достапност од најмалку 24 часа.
  • Видео клуб: Филмови, серии и други типови содржини коишто можете да ги гледате на барање во зависност од Вашата претплата, како дел од основниот пакет или од дополнителни ТВ-пакети со месечна претплата.
  • Родителска и безбедносна заштита: Заштитете ги вашите деца од несоодветна содржина или ограничете функцоналности како што се изнајмување на содржини, активирање на дополнителни пакети и слично.
  • Промена на превод/јазик: Одберете јазик на корисничкиот интерфејс (достапни се македонски, албански и англиски), како и јазик на локализација на содржините преку текстуални преводи или аудио-синхронизација според вашите потреби на ТВ каналите кои нудат повеќе различни преводи/јазици.

За да ја користите MagentaTV Go треба да сте претплатник на некој од мобилните тарифи коишто ги нуди Македонски Телеком, а за кои услугата е достапна во рамките на месечната претплата. Сите содржини Ви се достапни и во движење, на паметен уред како мобилен Android или iOS телефон, таблет или PC уред.

MagentaTV Go услугата е достапна на најмногу три регистрирани паметни уреди, при што во исто време можете да гледате на сите три уреди истовремено.

За да ја користите GO услугата, потребно е прво да ја инсталирате MagentaTV Go апликацијата на паметен телефонски уред или да ја посетите страницата www.MagentaTV Go.mk. Доколку се уште не сте ја активирале услугата, процесот ќе ве одведе до делот за активација на страницата на Мој Телеком. Откако ќе ја активирате услугата, апликацијата автоматски ќе ви го овозможи пристапот до содржините без потреба да се најавувате.

Кога гледате ТВ во живо, можете да ги менувате каналите со движење лево – десно на екранот, со што одите на наредниот или претходниот канал во однос на каналот што во моментот го следите.

Преку ТВ-водичот Кога се наоѓате во ТВ-водичот, до кој можете да пристапите преку главното мени, со избор на иконата за ТВ-водич, можете да ги менувате каналите со движење нагоре – надолу по екранот. Кога ќе дојдете до посакуваната програма, кликнете на истата за да почнете да ја следите.

Снимање на тековната програма или закажување на снимање на програма која ќе се емитува во нареден период, како и закажување на снимање на серија може да направите на повеќе начини:

  • Преку ТВ-водичот можете лесно да закажете снимање на содржина – изберете ја соодветната содржина и кликнете на копчето Снимај на далечинскиот управувач, и тоа еднаш за поединечна содржина или двапати, доколку сакате да закажете снимање на серија.
  • Преку инфо менито кое се повикува со клик на копчето ОК за содржина која ја гледате во моментот. Снимањето започнува од моментот на кликот на соодветната икона. Со едно кликнување ја снимате само содржината што е во тек. Доколку сакате да снимате серии, потребно е да кликнете два пати. Со уште едно кликнување, го прекинувате снимањето.

Во категоријата Нагодувања - Моја MagentaTV Go, во содржинскиот блок Мои снимки достапни се за гледање сите содржини коишто сте ги снимиле, како и преглед на закажаните снимања. Снимените содржини можете да ги гледате и преку содржинскиот блок Снимени содржини достапен на почетното мени со назив ДОМА.

Преку MagentaTV Go нагодувања, со избор на Снимање - Управување со снимените содржини, имате увид во дозволениот простор за снимање – искористени и преостанати часови. Со избор на копчето Управувај со снимање, одите директно на вашите Снимени содржини каде што можете да ги гледате/ бришете или да направите друга промена.

Снимените содржини можете да ги следите и преку MagentaTV Go, доколку сте претплатени на оваа услуга.

ТВ-теката Ви овозможува да ги гледате содржините емитувани на одредени ТВ канали во последните 7 дена. До ТВ-теката можете да пристапите на три различни начини:

  • Со избор на категоријата ТВ канали од главното мени. Со влез во оваа категорија ја гледате последната содржина од секој канал. За да ги видите сите достапни содржини, потребно е ја изберете опцијата Погледни повеќе.
  • Преку категоријата ТВ-водич. Содржините за кои е достапна ТВ-тека се облежани со соодветен симбол низ ТВ-водичот.

Содржините од ТВ-теката можете да ги следите и преку MagentaTV Go, доколку сте претплатени на оваа услуга.

Во содржинскиот блок Мои канали се прикажуваат каналите коишто сте ги избрале за омилени. За да изберете омилен канал, појдете во делот Moja MagentаTV, каде што имате преглед на сите канали. Одберете ја опцијата Прикажи ги сите и во Листата на канали позиционирајте се на каналот којшто сакате да го обележите, кликнете на стрелката десно и почекајте да се означи прикажаното срце. Потоа, кликнете ОК.

Омилени содржини
Во овој сегмент се прикажуваат сите содржини коишто сте ги обележале како омилени. За да обележите некоја одредена содржина како омилена, само кликнете на копчето со симбол на пин.

За менување на редоследот по кој ќе се прикажуваат канaлите на Вашата MagentaTV Go, одберете ја опцијата Прикажи ги сите канали и означете го каналот кој сакате да го поместите. Над и под редниот број на каналот ќе се покажат стрелки преку кои можете да го движите каналот до саканата позиција. Со оваа акција ја менувате местоположбата на каналот, но не и неговиот реден број.

Напомена: со содржините за возрасни не се управува преку Родителската контрола. Овие содржини ги управувате единствено преку делот Безбедност.

До деталниот ТВ-водич можете да пристапите со избор на иконата преку главното мени на MagentaTV Go. ТВ-водичот ви дава преглед на програмата којашто е во тек, се емитувала или ќе се емитува на сите ТВ канали. Овде можете да најдете хронолошки приказ на содржините од претходните и наредните неколку дена. Програмата која ја следите во моментот е обележана со магента боја. Лево од линијата „Сега“ се веќе емитуваните содржини, додека десно од неа се идните содржини. Содржините кои во исто време се емитуваат на други канали се обележани со светло сива боја. Со навигација во горниот десен агол на ТВ-водичот, преку Филтерот можете да го персонализирате приказот на канали на Вашиот ТВ-водич, и тоа: Сите канали, Претплатени канали, Омилени канали или канали по категорија (една или повеќе категории).

При изборот на каналот што сакате да го следите пристапувате до Инфо менито, со кое добивате краток преглед: името на каналот што го следите, името на содржината која е во тек, нејзината должина и времетраењето. Во долниот дел на овој екран се прикажуваат и неколку икони преку кои едноставно можете да дојдете до следниве функции:

  • Снимај – Снимете ја содржината што ја следите во моментот. Снимањето започнува од моментот на кликот.
  • Со едно кликнување ја снимате само содржината што е во тек. Доколку сакате да снимате серии, потребно е да кликнете два пати. Со уште едно клкнување, го прекинувате снимањето.
  • Гледај во живо – со изборот на ова копче излегувате од дополнителното мени и се враќате назад на содржината којашто сте ја следеле.
  • Од почеток - вратете ја содржната што ја следите од почеток.
  • Инфо – детален опис за содржината којашто е во тек.
  • Јазик – Вклучете превод, променете го јазикот на превод на содржината којашто е во тек, или пак изменете го аудио јазикот, онаму каде што има таква можност.

Овде се поставките за јазик и превод, безбедност/поставување или промена на ПИН, родителска контрола, преглед на поврзани уреди со корисничката сметка и нагодувања за снимање.
Јазик – нагодете го јазикот на кој ќе се прикажува менито на MagentaTV Go, како и јазикот на преводите на содржините. Безбедност- за дефинирање на безбедносните поставки, најпрво треба да поставите ПИН по ваш избор, а потоа можете да управувате со:

  • Возрасна категоризација
  • Некатегоризирана содржина
  • Содржини за возрасни
  • Овозможете изнајмување на содржини само со верификација со ПИН. Со нивно активирање преку клик на копчето ОК, содржините ќе стануваат достапни само по внесувањето на ПИН.

Родителска контрола – со оваа функција ќе ги заштитите вашите деца од содржините коишто не се соодветни за нивната возраст (12+, 16+, 18+...). Родителската контрола функционира само ако во претходниот чекор (Безбедност) е означена ставката Возрасна категоризација. Напомена: со содржините за возрасни не се управува преку Родителската контрола. Тие содржини ги управувате единствено преку делот Безбедност.
Снимање – увид во дозволениот простор за снимање – искористени и преостанати часови. Со избор на копчето Управувај со снимање, одите директно на вашите Снимени содржини каде што можете да ги гледате/бришете или правите друга промена.
За апликацијата - овде имате увид во софтверските верзии, лиценците и оперативните системи коишто ги користи вашиот MagentaTV Go приемник.

Кога ќе се најавите со вашите корисничко име и лозинка на нов уред (смартфон, таблет или лаптоп), тој автоматски се регистрира и се додава во листата на активни уреди.

Доколку сакате да избришете активен уред, тоа можете да го сторите преку линкот „Активни уреди” којшто се наоѓа во Вашиот кориснички профил (во менито на веб или мобилната апликација). Можете да промените/избришете уред неограничен број пати.

Ако го имате заборавено вашето корисничко име (e-адреса) или лозинка, пробајте да го обновите преку страницата Мој Телеком. Ако и понатаму имате проблем, јавете се во Контакт центарот на бројот 070 122.

На кој било модел на смартфон или таблет со оперативен систем Android 7.1+ или iOS 13+.

Минималните системски барања се следниве: RAM 4GB, CPU Intel Core i3, интернет врска со минимална брзина од 2 Mbps.

За најдобро иксуство препорачуваме да користите интернет пребарувач Chrome, но можете да користите и некој од следниве пребарувачи: Internet Explorer 11 (Win 8+), Edge 11 & 14, Mozilla Firefox 44+, Safari 9+, Opera 36+.

Не, бидејки правата за емитување на ТВ содржините се однесуваат само на територија на Република Северна Македонија.

Квалитетот на видео содржините автоматски се прилагодува зависно од вашиот уред и брзината на интернет врската.

За 1 час гледање ТВ содржина во HD резолуција може да се реализира до 2 GB сообраќај во зависност од квалитетот на интернет врската.

Тоа значи дека веќе сте пријавиле три уреди со ист кориснички профил. Доколку сакате да се најавите од друг уред, потребно е да избришете некој од веќе најавените.

Доколку користите компјутер, затворете го интернет пребарувачот и обидете се повторно да пристапите на www.magentatv.mk

Доколку користите мобилна апликација, исклучете ја апликацијата и активирајте ја повторно.

Десктоп верзија