{{cart.Items.length}}

КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ НА MAXТV?

Дознајте за сите опции што ви ги нуди најдобрата дигитална телевизија во Македонија.

MaxTV опции

ТВ ВОДИЧ

ТВ Водичот обезбедува информации за ТВ програмата на сите канали. Со само еден клик ќе добиете информации за емисиите на сите програми за следните 11 и последните 2 дена.

ТВ-тека

Со ТВ-теката можете да ја гледате програмата од последните 7 дена, без претходно да закажете снимање. Во оваа архива се наоѓа целата програма од последните 7 дена од каналите: МТВ 1, Сител, Канал 5, Телма, Алфа, Алсат М, ТВ Нова, RTV 21 M и Arena Sport 1.

СНИМАЊЕ

Со опцијата Снимање, снимајте ја вашата омилена серија и гледајте ја кога ќе посакате. Закажете снимање на содржината што ја гледате во живо со притискање на копчето „Record“ од далечинскиот управувач.

ПАУЗИРАЊЕ

Не пропуштајте ништо на MaxTV. Паузирајте ја програмата во кој било момент и кога сакате продолжете со гледање на вашата омилена содржина.

ВИДЕОТЕКА

Видеотеката е вашето домашно кино достапно 24/7 преку кое можете да изнајмувате голем број филмови од различни жанрови, серии, детски емисии и други содржини. Пристапете преку главното мени или со копчето на далечинскиот управувач.

ПРЕБАРУВАЊЕ

Едноставно лоцирајте ја програмата што сакате да ја следите. Преку неколку лесни чекори за пребарување, веднаш ќе стигнете до бараната содржина.

НАГОДУВАЊА

Во овој дел, можете да ги нагодите јазикот на менито и преводот на содржините. Можете да активирате „Родителска контрола“ и да бидете сигурни дека вашите деца нема да имаат пристап до емисии и содржини коишто не се наменети за нив.

pageArea reserved, leave empty!!!