Мирослав Јовановиќ

Печати

Преземи

Мирослав Јовановиќ е Главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком од 1 јануари 2016 година.

Г-дин Јовановиќ е експерт во делот на информатички технологии со диплома за инженер по компјутерска и информатичка технологија. Во текот на неговата професионална кариера бил ангажиран на различни позиции во Република Македонија и Србија, главно во имплементација и воведување на големи ИКТ системи во јавниот сектор. Како директор за информатичка технологија во Министерството за финансии бил заслужен за успешната имплементација на многу проекти, меѓу кои за трезор, е-буџет и јавен долг. Во Македонски Телеком доаѓа во 2009 година кога е назначен за Раководен директор за техника, а од октомври 2011 до крајот на 2015 година ја извршува функцијата Главен директор за информатичка технологија-ИТ. Како Главен директор за ИТ, г-дин Јовановиќ со својот тим реализираа повеќе проекти за консолидација и трансформација во областа на ИТ инфраструктурата, БСС и ЕРП системите, како и проекти во ИКТ областа. За време на неговиот ангажман Македонски Телеком успешно се етаблира како релевантен давател на услуги и знаење за медијациски системи во рамките на ДТ групацијата.

pageArea reserved, leave empty!!!