Што е MobiPay?

MobiPay e сосема нов начин на безготовинско плаќање овозможен со мобилен телефон директно од постпејд телефонска сметка или од банкарска сметка.

Македонски Телеком е првиот мобилен оператор во Македонија, којшто ја нуди услугата MobiPay директно преку месечната постпејд телефонска сметка,овозможувајќи им на тој начин на своите корисници да плаќаат директно од својот мобилен телефон во MobiPay мрежата на трговци. Со MobiPay, мобилниот телефон станува виртуелен паричник, а корисниците ќе можат брзо, лесно и безбедно да плаќаат во над 1200 локации низ Македонија. Услугата важи за сите постпејд корисници на Македонски Телеком и е достапна за кој било тип на мобилен уред.

Листата на продажни места на кои можете да плаќате од вашиот мобилен телефон, како и сите информации за услугата, можете да ги најдете на веб страницата www.mobipay.mk.

Лимити

Лимити за кориснички линии

Пакет MobiPay Easy MobiPay Standard
Дозволен лимит по трансакција (по корисничка линија) 300 ден. 1 000 ден.

Ополномоштеното лице за договорот за MobiPay, одредува на кои членови ќе ја активира услугата, како и со кој месечен лимит ќе располагаат членовите во рамките на вкупно дозволениот месечен лимит од Македонски Телеком.

За користење на услугата, не се наплаќа ниту провизија по трансакција, ниту месечен надомест.

Како да активирам?

Како да ја активирам услугата на моите кориснички линии?

  • Појдете во најблиската Телеком продавница или обратете се кај Вашиот продажен агент.
  • Поднесувате барање за активирање на услугата MobiPay Easy или MobiPay Standard за претплатнички линии по избор.

За MobiPay Easy, секој поединечен корисник, по SMS порака добива MobiPay PIN код*, кој се користи за авторизација на плаќањата.

За MobiPay Standard, секој поединечен корисник треба лично да го подигне својот MobiPay PIN код во најблиската Телеком продавница или од својот продажен агент, со што е загарантирана безбедноста на услугата.

За користење на услугата, не се наплаќа ниту провизија по трансакција, ниту месечен надомест.

Услугата може да ја активира само ополномоштено лице од правниот субјект за договорот за MobiPay.

(*)Доколку сакате да го промените Вашиот MobiPay PIN код, појдете во најблиската Телеком продавница.

Како да деактивирам?

Само ополномоштено лице за договорот за MobiPay одредува на кои од членовите да им биде деактивирана услугата. Услугата се деактивира во најблиската Телеком продавница или кај личниот продажен агент.

Како да станам MobiPay трговец?

MobiPay решенијата се наменети за сите компании кои се кориснички ориентирани и сакаат на своите клиенти да им обезбедат современо и ефикасно решение за плаќање, а за себе брза и сигурна наплата. Потребно е само да имате сметка во НЛБ Тутунска банка АД Скопје, а останатото заедно ќе го договориме.

За повеќе информации кликнете тука.

pageArea reserved, leave empty!!!