Политика за користење на колачиња („cookies“)

Нашата веб страница користи колачиња („cookies“), со кои Македонски Телеком АД - Скопје собира податоци за подобро разбирање на користењето на интернет страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, како и да се оптимизира и да се унапреди функционалноста на интернет страницата. Колачињата („cookies“) се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страница.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач при следната посета на интернет страницата. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страници.

Информациите поврзани со колачињата („cookies“), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња („cookies“) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате, можете да ги избришете или да ги блокирате овие колачиња („cookies“), но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страницата можеби нема да функционираат како што треба.

На оваа веб страница користиме колачиња („cookies“) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња („cookies“) на оваа веб страница

Колачињата можат да бидат поставени од страна на Македонски Телеком, или пак од трети авторизирани страни чии услуги се овозможени на веб-страницата.

Македонски Телеком користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страницата:

Неопходни колачиња

Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страницата како навигација, онлајн купување, наплата, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страницата, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки.
Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел тој да ги блокира или да Ве известува за овие колачиња, при што некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат.


Колачиња за аналитика

Овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и да ги подобриме перформансите на веб-страницата. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страниците. Сите информации што ги собираат овие колачиња се анонимни.


Функционални колачиња

Овие колачиња овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страницата поставени од страна на Македонски Телеком, или пак од трети страни чии услуги се овозможени на веб-страницата. На овој начин ќе добиете колачиња од услугите на таа трета страна, при што Македонски Телеком не може да го контролира складирањето или пристапот до овие колачиња.
Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат.


Колачиња за маркетинг

Колачињата за маркетинг се користат за цели на прикажување на рекламни содржини и мерење на ефективноста на нашите кампањи. Ова не се прави само на веб-страниците на Македонски Телеком, туку и на страници на други партнери за рекламирање (провајдери трети страни). Овие колачиња директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред. Алатките за маркетинг и ретаргирање ни помагаат да ви обезбедиме рекламни содржини што се потенцијално релевантни за вас.