Концентрирајте се на дишењето. Почувствувајте како дишете особено во ситуации кои ви предизвикуваат вознемиреност и анксиозност. Пронајдете мирно и тивко место, каде што можете да бидете сами и нормализирајте го дишењето. Преку дишењето внесуваме доволно кислород во нашиот организам и му помагаме на мозокот да се опушти. Додека дишете, бројте – до 4 вдишувајте, до 3 правете пауза, до 7 издишувајте. Повторете онолку пати колку што ви е потребно.